7 знаци дека сте во љубовна врска без иднина

Однесувањето и емоциите се тесно поврзани, па ако ви се чини дека партнерот се однесува како да не ве сака и почитува – веројатно сте во право.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-001.jpg

Ова се 7 конкретни знаци, кои потврдуваат дека сте во врска која нема светла иднина:

1. Не можете да го извадите најдоброто од себе во врската

Ако чувствувате дека времето само си лета, а вие постојано нешто правите погрешно, не сте доволно добри и сте критикувани, големи се шансите партнерот кој ви ги нанесува критиките – никогаш да не биде задоволен.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-01.jpg

2. Повеќе не сте горди на партнерот

Кога ќе престанете да имате пофалби колку добар човек е вашиот партнер, веројатно и емоциите се згаснати.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-02.jpg

3. Не чувствувате дека споделувате посебни моменти

Ако одеднаш сфатите дека посебните моменти сакате да ги поминувате сами или во туѓо друштво, време е да го запалите црвениот аларм.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-03.jpg

4. Не ја ни планирате иднината повеќе

Изморени сте од обиди, сценарија и фантазирање, бидејќи сте свесни дека тоа никогаш нема да се случи ако останете во врската во која сте сега.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-04.jpg

5. Често фантазирате за други луѓе

Ако во фантазиите за иднината се појавуваат други, непознати луѓе, време е за драстични промени.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-05.jpg

6. Чувствувате емотивна тишина во врската

Недостатокот на емоции, па дури и лутење, значи дека сте навлезени во емотивна тишина, односно молк каде не чувствувате ништо.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-06.jpg

7. Не ве плаши помислата од раскинување

Сосема е нормално ако разделбата од партнерот ве плаши, барем малку, но во моментот кога тоа го прифаќате со мирно срце, можеби е време да го потегнете првиот чекор.

7-znaci-deka-ste-vo-ljubovna-vrska-bez-idnina-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg