Во долга врска сте, но не знаете дали сте спремни за брак? Тест со 14 прашања ќе ви ја открие вистината

Vo-dolga-vrska-ste-no-ne-znaete-dali-ste-spremni-za-brak-02.jpg

8. Зошто сум во оваа врска?

Дали во врската ве „држи“ љубовта, почитта, довербата? Или можеби се плашите да бидете сами, и да останете во врската од навика?

9. Каде води сето ова?

Прекрасно е да се ужива во сегашниот момент, но за да опстане една врска, потребно е и двајцата партнери да имаат исти или барем слични ставови и планови за иднината.

10. Дали му верувам на мојот партнер?

Добро размислете дали имате целосна доверба во партнерот. Ако одговорот е НЕ, размислете за начините на кои можете да ја изградите или да ја вратите довербата во односот.

11. Дали мојот партнер е добар човек?

Или може да си го поставите и малку поинаку ова прашање – кога би знаеле сè што веќе знаете за својот партнер, дали би го одбрале за пријател во животот?

12. Дали партнерот физички ме привлекува?

Физичката привлечност можеби не е најважниот дел од врската, но секако претставува битен елемент од сложувалката. Да останете во врска со некој што физички воопшто не ве привлекувате не е фер ниту кон него ниту кон вас.

13. Дали мојот партнер ми „го чува грбот“?

Размислете дали вашиот партнер е дел од „вашиот тим“, дали ве поддржува или се чувствувате како постојано да ве клоца и ве враќа неколку чекори наназад?

14. Што ми кажува интуицијата?

Дали чувствувате дека вашата врска е здрава и дека оди во позитивна насока? Слушајте ја вашата интуиција – се разбира, не треба да се потпирате само на интуицијата, но таа секако може да ве води кон размислувате во вистинската насока.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека сте во здрава врска и секој ден ви е Свети Валентин Вљубени сте во партнерот, се чувствувате прекрасно покрај него и не би го замени...
Зошто поранешниот партнер ве бара, баш кога го преболевте? Само што помисливте дека сте го заборавиле и сте го преболеле, кога ненадејно на...
6 знаци дека партнерот повеќе не е заинтересиран за вас, низ илустрации Дали партнерот избегнува да поминува време со вас, во последно време не ви верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg