Намален стрес и уште 5 придобивки од заедничкото спиење со партнерот

Намалениот стрес е само една од многуте придобивки што ќе ги почувствувате ако секоја вечер спиењето со вашиот партнер.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-01.jpg

Многу парови спијат одвоено од разни причини и штом двајцата се среќни со тој распоред, тогаш не треба да има никаков проблем.

Сепак, некогаш спиењето со партнерот може да биде многу подобро отколку да спиете во одвоени соби.

Спиењето со партнерот носи многу придобивки, па ако ви се усогласуваат распоредите, добро би било почесто да спиете заедно.

Зошто е добро да спиете со партнерот?

Ќе заспивате побрзо

Паровите кои спијат заедно полесно заспиваат и имаат поквалитетен сон. Според истражување направено од страна на истражувачот и професор Хенинг Јоханес Друс, во овој случај нема прекини во РЕМ фазата за време на спиење.

Резултатите покажале дека паровите спиеле подобро и заспивале многу побрзо кога спиеле заедно, во споредба со ноќите кога спиеле во посебни кревети.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-02.jpg

Намален стрес

Прегратките со саканата личност го зголемуваат нивото на окситоцин во организмот – хормон кој го намалува крвниот притисок и помага во регулирањето на стресот.

Што значи, прегратките пред да заспиете ќе ви помогнат да се релаксирате и да го намалите стресот.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-03.jpg

Намалена анксиозност

Истражување спроведено од страна на доктор Џејм Коан, професорка по психологија, покажало дека доволно е само да го држите партнерот за рака за да се чувствувате подобро.

Во истражувањето учествувале жени кои се во брак. Џејмс ја набљудувала нивната мозочна активност и притоа им кажувала дека е можно да почувствуваат слаб електрошок. По оваа изјава, кај испитаничките се појавувала анксиозност.

Но, штом тие ќе го фатиле нивниот сопруг за рака, мозочната активност покажувала дека нивото на анксиозност значително се намалува.

Па, доволно е да заспиете само држејќи го партнерот за рака за да ги почувствувате придобивките.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-04.jpg

Партнерот ќе ви помогне да ги откриете нарушувањата во спиењето

Ако имате некакво нарушување во спиењето, како апнеја, мала е веројатноста дека ќе го забележите сами. Но, вашиот партнер може да го забележи испрекинатото дишење или ’рчењето, па ќе знаете дека треба да побарате помош.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-05.jpg

Ќе ја зајакнете врската со партнерот

Истражувањата покажуваат дека паровите кои спијат заедно генерално се во посреќна врска. Веројатно големо влијание врз ова има и намаленото ниво на стрес.

Среќната врска, пак, има влијание врз квалитетот на сонот – ако сте среќни со партнерот, ќе спиете подобро.

Што значи, спиењето со партнерот ќе ви ја подобри и врската, и квалитетот на сонот.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-06.jpg

Но, спиењето заедно не е пресудно за квалитетот на врската

Иако спиењето со партнерот може да биде идеално, не значи дека морате да спиете заедно за да бидете во среќна врска. Ако имате различни навики за спиење или различен распоред, тогаш не се форсирајте да спиете заедно.

Ако партнерот мора да стане рано наутро, а вие немате обврски, секој нека си легне во времето што му одговара најмногу.

Ако партнерот ’рчи гласно, ова може да има негативно влијание врз вашиот сон, па во овој случај можеби е подобро да спиете во одвоени простории.

Генерално, спиењето со партнерот е одлично и има многу придобивки, но не е неопходно за среќна врска. Важно е и двајцата да имате квалитетен сон, па адаптирајте се според вашите потреби.

namalen-stres-posrekjna-vrska-zoshto-e-dobro-da-spiete-so-partnerot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg