Да или не за брак?

da-ili-ne-za-brak-povekjeСе вели дека венчавката во бело е сон на секоја жена и не само тоа, во нашите краишта се смета дека со жената што одбива понуда за брак, нешто не е во ред.


Како тоа да одбиете брак? Кога некој повторно ќе ве побара за жена? Поголем број од вашите пријателки се омажиле, некои имаат и деца, а вас ве побарале за жена – и вие сте одбиле?!

Секако, венчавката со вистинската личност е убава работа, тоа подразбира долг и среќен живот со партнерот кој ве сака а и вие него.

da-ili-ne-za-brak

Само тоа не значи дека мора да ја прифатите брачната покана само поради некој ред на нештата или затоа што сите мислат дека треба да се венчате, или....

Има некои ситуации кога и покрај притисокот на околината, би требало добро да размислите што да одговорите на прашањето „Омажи се за мене!“...па некогаш одговорот може да е и „не“.

Сметате дека сеуште не сте подготвени за одговорностите што ги носи брачниот живот, тоа може да биде и минливо чувство на несигурност, но и сознание дека сеуште не сте зрели за брак.

Би требало внимателно да процените кое од двете пашања е проблемот. Дури и ако сте сигурни дека тоа е минливо чувство на несигурност, не би требало да брзате со бракот за кој не сте подготвени – ако тој е вистинскиот, ќе има разбирање и ќе ве почека.

Повеќето луѓе од вашето опкружување, особено вам блиските, се сомничави кога е во прашање вашата врска, но нивната сомничавост не мора ништо да значи. Сепак треба да се запрашате, ако баш толку многу луѓе се сомневаат, дали тие забележуваат нешто што вие не можете да го видите поради љубовната заслепеност, или пак не сакте да го видите?

Чувствувате дека некои други работи (кариера, забава...) ви се поважни од мирниот живот во двојка; тогаш почекајте со бракот.

da-ili-ne-za-brak-2Листата на работи кои кај него ви пречат е многу подолга од листата на работи што ви се допаѓаат; ваков брак треба да се избегнува. По правило, листата на работи кои што ќе ви пречат само ќе се продолжува, а листата работи кои ви се допаѓаат ќе се скратува.

Некако, чувствувате дека тој не е вистинскиот, иако долго време сте заедно и сите очекуваат да се венчате, иако мислите дека ви е време за брак и сакате брачен живот; и овде би требало да размислите и да кажете „не“ бидејќи ризикувате несреќен брак во кој ќе бидете незадоволни.

Сè е убаво, совршено, среќни сте, но во стомакот имате некој грч или мачнина при помислата на брак со него; можеби не сте подготвени за брак, или уживате да се забавуавте со него, но не се гледате себеси како негова среќна сопруга и мајка на неговите деца.

Се разбира, ништо од ова не се строги правила – можно е само да сте се уплашиле, па гледате проблем таму каде што го нема, или ви се чини дека имте некои чудни чувства можно е и да бидете среќни во бракот со него.

Сепак постои уверување, на ова поднебје, дека жената на покната за брак мора да одговори потврдно. Но, не мора.

Сосема е во ред да се рече „не“ доколку така се чувствувате. Нема причина да се каете поради тоа. Еден ден ќе речете „да“ – и ќе бидете среќни затоа што е направено вов истинското време и со вистинската личност.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg