Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Секогаш исто

sekogas-isto-povekjeСекоја ваша врска кратко трае. Вашиот бивши или бивша многу ве разочарале – всушност, сите ваши бивши се покажале како разочарување. На почетокот...


...ви делувале супер, како на крајот да сте го пронашле она што сте го барале, ни најмалку не личеле на претходните – а потоа, по не многу време, излегло дека се потполно исти како и нивните претходници.

Повторно сте се разочарале и почнувате да се прашувате како им успева на другите да имаат долги врски и да најдат некој со кого навистина би сакале да бидат – ете, вие сте биле со неклокумина и никако да го најдете она вистинското.

sekogas-isto

Ако оваа приказна ви звучи познато и ако е нешто што се однесува на вас, можно е секогаш да излегувате со ист тип на личности. Постојат разлики помеѓу нив, но тие се површни – козметички, би можело да се каже – а всушност вие постојано излегувате со иста личност. Бидејќи сте утврдиле дека таква личност не ви одговара, се разбира, секој пат сте разочарани.

Ваквото бирање на ист партнер не е ретка појава. Се случува во младоста некој да си создаде во себе идеја како би изгледал идеалниот партнер или партнерка – најчесто како пример им служат родителите - па подоцна бара личност која одговара на тој идеал.

Сега, ако најдете личност која што ќе одговара на тој идеал и со неа добро се сложувате, супер!

Но, може да се случи погрешно да сте си замислиле каква личност би ви одговарала како партнер или партнерка и слепо да се држите до тој шаблон, без разлика што се покажал како неуспешен.

Како да се реши ваквиот проблем? Размислете: дали тие квалитети што ви се допаѓаат во замислениот идеал создаваат сериозен маж или жена со кои би можеле да го поминете животот?

Дали навистина мислите дека е доволно да биде успешен кариериста или убава блондинка па со таква личност да го поделите животот? Ако одговорот е негативен, би требало да ги смените критериумите за избор на партнер.

Меѓутоа, вие целиот живот сте си замислувале дека оној вистинскиот/вистинската треба да бидат баш такви и сега не знаете како тоа да го измените! Немате идеја од каде да почнете!

Можете да се обидете со драстични измени: да речеме, пробајте со идеалиста, или со удобно облечена девојка која чита книга. Можеби тоа нема да биде она вистинското, но барем ќе ви даде идеја каква личност ви се допаѓа вам, се разбира за подолги патеки.

Среќно!

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg