Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали е безбеден, можете ли да забремените – што треба да знаете за сексот за време на менструација? (18+)

Сексот за време на менструација е потполно безбеден и може дури да ги намали менструалните болки.

dali-e-bezbeden-dali-mozhete-da-zabremenite-shto-treba-da-znaete-za-seksot-za-vreme-na-menstruacija-01.jpg

Денес уште постои стигма за самата менструација, па многу девојки и жени избегнуваат да разговарат за ова и се чувствуваат непријатно во овој период од месецот. 

Поради ова, сексот за време на менструација претставува уште поголема табу-тема.

Но, ако немате никакви здравствени проблеми, единствената пречка во оваа ситуација е само вашата напнатост.

Не значи дека мора да ви се допаѓа сексот за време на менструација, но треба да можете да разговарате со партнерот за ова наместо да ја избегнувате темата.

Во продолжение што треба да знаете за сексот за време на менструација според докторка и секс-терапевт:

Што се случува за време на менструација?

Естрогенот и прогестеронот се хормоните кои „владеат“ со менструалниот циклус. Односно, тие им сигнализираат на јајце-клетките дека се доволно зрели за оплодување.

По овој сигнал, матката почнува да се подготвува за потенцијална бременост и кон средината на менструалниот циклус се ослободува и јајце-клетка, односно настанува овулација.

Доколку не забремените, почнува менструацијата – телото се ослободува од неоплодената јајце клетка со мешавина од крв и ткиво од матката.

Какво влијание има менструацијата врз желбата за секс?

Според експертите, поради зголеменото ниво на прогестерон во организмот, но и поради промената на нивото на другите хормони, некои жени можно е да чувствуваат поголема желба за секс во овој период од месецот.

Но од друга страна, поради стигмата поврзана со сексот за време на менструација, оваа желба може и да се намали.

dali-e-bezbeden-dali-mozhete-da-zabremenite-shto-treba-da-znaete-za-seksot-za-vreme-na-menstruacija-02.jpg

Зошто некои жени чувствуваат непријатност?

Како што напоменавме, многу жени се чувствуваат непријатно најмногу поради стигмата поврзана со сексот за време на менструација.

Оваа стигма може да предизвика напнатост која не ви дозволува да уживате во сексуалниот однос. Што значи, најголем проблем се вашите мисли.

Важно е да знаете дека самата менструација нема никакво негативно влијание врз сексуалниот однос и врз функцијата на сексуалните органи.

Што ако чувствувате болка?

Не би требало да чувствувате болка за време на секс, без разлика дали со или без менструација.

Затоа, ако чувствувате болка, немојте да ја игнорирате и консултирајте се со гинеколог.

dali-e-bezbeden-dali-mozhete-da-zabremenite-shto-treba-da-znaete-za-seksot-za-vreme-na-menstruacija-03.jpg

Кои се предностите од секс за време на менструација?

Вагиналната симулација и оргазмите можат да ви бидат од голема помош ако имате менструации проследени со болка.

Неколку истражувања покажале дека вагиналната симулација може да ги намали болките и неудобноста предизвикани од менструацијата. Па, од сексот за време на менструација има и некоја предност.

Дали треба да користите заштита?

Без разлика што имате менструација, треба да користите заштита за да го намалите ризикот од бременост и сексуално преносливи болести.

Иако мала, сепак постои можност да забремените дури и ако имате менструација. Кај повеќето жени, овулацијата настанува недела-две по менструација, но никогаш не можете да знаете со сигурност дали овулацијата ќе настане порано.

Ако овулирате веднаш по менструацијата, можно е да останете бремени бидејќи спермата може да преживее во телото и неколку денови. Па, ако не планирате да забремените, задолжително користете заштита.

Исто така, ризикот да се заразите со сексуално пренослива болест не се намалува со менструацијата, па важно е да користите заштита и за ова, особено ако сте со нов партнер.

dali-e-bezbeden-dali-mozhete-da-zabremenite-shto-treba-da-znaete-za-seksot-za-vreme-na-menstruacija-04.jpg

Како да уживате во сексот за време на менструација?

Не значи дека мора да уживате во сексот за време на менструација и можеби никогаш нема да ви се допаѓа Но, можете да пробате да го зголемите задоволството.

Најпрво, важно е отворено да разговарате со партнерот за ова и да се чувствувате удобно и пријатно покрај него.

Доколку сте загрижени за нередот, најдобро е да ставите крпа под вас, а можете да пробате и секс под туш.

На крај, доколку сепак не ви се допаѓа сексот за време на менструација, не ни мора да го практикувате бидејќи важно е и партнерот, но и вие да се чувствувате пријатно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg