Мора да боли, девојката ќе крвави и уште 4 митови за првото сексуално искуство

Не мора да значи дека првиот сексуален однос ќе боли или дека ќе има крвавење. Во кои други митови не треба да верувате?

mora-da-boli-kaj-devojkata-mora-da-ima-krvavenje-shest-mitovi-za-prvoto-seksualno-iskustvo-shto-ne-se-tochni-01.jpg

Во минатото кај нас, па и кај голем број други народи присутна била традицијата на покажување на чаршафот со крв од првата брачна ноќ што било доказ дека девојката била невина до тој момент.

Многумина сè уште веруваат дека ова е вистина, а постојат уште други пет митови за првиот сексуален однос во кои не треба да верувате.

Кои се тие?

Првиот секс секогаш боли

Голем број од девојките слушаат „хорор“ приказни за тоа како првото сексуално искуство може да биде премногу болно.

Вистината е дека секое тело е различно и дека ако за некои девојки првото сексуално искуство може да биде болно, други ќе се соочат само со непријатност, но не и со болка.

Се смета дека долгата предигра и користењето лубрикант во голема мера може да помогнат првото сексуално искуство да биде безболно за девојките.

mora-da-boli-kaj-devojkata-mora-da-ima-krvavenje-shest-mitovi-za-prvoto-seksualno-iskustvo-shto-ne-se-tochni-02.jpg

Не можете да кажете „не“ ако еднаш сте се согласиле

„Не“ значи „не“ и тоа важи и за двајцата партнери подеднакво.

Многумина веруваат дека ако веќе се согласиле да имаат секс, тогаш тоа треба да го направат по секоја цена и не смеат да се откажат на половина пат.

Ако во кој било миг еден од двајцата партнери се чувствува непријатно, тогаш сексуалниот чин треба да престане.

Ако партнерот или партнерката вистински ве сака ќе сфати дека сè уште не сте целосно подготвени за да го преземете тој чекор во врската.

Не можете да забремените за време на првиот секс и не ви треба кондом

Ова не е точно во никој случај. Сексот без заштита може да резултира со бременост, без разлика дали ви е прв или десетти пат.

Не заборавајте дека презервативите не ве штитат само од несакана бременост, туку и од голем број полово преносливи болести како сифилис, гонореја, кламидија...

mora-da-boli-kaj-devojkata-mora-da-ima-krvavenje-shest-mitovi-za-prvoto-seksualno-iskustvo-shto-ne-se-tochni-03.jpg

По првиот секс вагината ќе стане поширока

Факт е дека вагината е еластична. Таа се шири за време на сексуалниот однос, а потоа се враќа во првичната големина.

Така, не треба да верувате во митот дека вагината ќе се рашири по првиот секс или дека ќе се промени.

За време на првиот сексуален однос мора да се скине хименот

Вообичаено сите веруваат дека по првиот сексуален однос ќе има крвавење и дека хименот ќе се скине, но не мора да значи дека е така.

Кај некои жени може да има крвавење, а кај некои не. Освен тоа, хименот може да се скине и на друг начин: со јавање или заради други спортови, заради користење хигиенски тампони или со мастурбација.

Честопати се случува девојките воопшто да не се свесни дека хименот веќе им е оштетен, затоа што не почувствувале болка или крвавење.

mora-da-boli-kaj-devojkata-mora-da-ima-krvavenje-shest-mitovi-za-prvoto-seksualno-iskustvo-shto-ne-se-tochni-04.jpg

Момчето е задолжено за презервативи

Во сексот секогаш се вклучени двајца партнери кои подеднакво треба да внимаваат на тоа сексот да биде безбеден.

Може да се случи партнерот да заборави да земе кондоми, да не очекува дека ќе има секс или да се срами да купи.

Затоа не треба да претпоставувате дека тој со сигурност ќе носи, доколку сакате да го преземете следниот чекор во врската бидете сигурни дека сте подготвени и дека и вие имате заштита со себе.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg