Колку често жените мислат на секс и уште 5 прашања за сексот на кои мажите бараат одговор (18+)

Колку често жените размислуваат за секс и што е она што најмногу ги возбудува се само дел од прашањата што си ги поставуваат мажите.

kolku-chesto-zhenite-razmisluvaat-za-seks-i-drugi-prashanja-za-seksot-na-koi-mazhite-baraat-odgovor-01.png

Искрен и отворен разговор за сексот често е тешка задача, бидејќи не само што го откривате најинтимниот, а можеби и најчувствителниот дел од себе, туку многу лесно можете да ги повредите чувствата на партнерот.

Но, кога ќе ја надминете таа пречкa и ќе почнете да зборувате и да давате одговори на досега неодговорени прашања, вашиот сексуален живот најверојатно ќе биде подобар и похармоничен.

Изгледа дека некои прашања поврзани со сексот постојано ги мачат момците, па ајде да ги одговориме:

Колку често жените всушност размислуваат за секс и кога?

Вистината е дека за секоја жена е различно. Во кои ситуации размислуваме за секс? Не е кога лупиме краставица и лижеме лижавче!

Можеме да размислуваме за секс во секое време и секаде, а особено во периодот на овулација.

Зошто толку многу им се допаѓа „да бидат горе“?

Затоа што тогаш ја преземаме контролата и можеме да се движиме како што најдобро ни одговара.

kolku-chesto-zhenite-razmisluvaat-za-seks-i-ushte-5-prashanja-za-seksot-na-koi-mazhite-baraat-odgovor-02.jpg

Како да откријат што ги возбудува жените?

Ако се сомневате - тогаш прашајте, драги мажи!

Или пак, на пример, ако ја туркаме карлицата напред, бидете сигурни дека тоа значи „Добро е, продолжи!“, а ако се повлечеме, значи „Ах, подобро не така!“

Какви се женските оргазми?

Клиторичен, вагинален, оргазам преку стимулација на брадавиците - нашите оргазми понекогаш се вистинска мистерија и за нас. Но, дозволуваме да се изненадиме.

Што се однесува до преференциите, секоја жена ќе одговори поинаку. Ние сакаме да комуницираме, па можете да ја прашате вашата партнерка и да откриете што најмногу ѝ се допаѓа.

kolku-chesto-zhenite-razmisluvaat-za-seks-i-drugi-prashanja-za-seksot-na-koi-mazhite-baraat-odgovor-03.png

Како одлучуваат дали да глумат оргазам или не?

За многу жени, способноста да доживеат оргазам е силно поврзана со нивната емоционална состојба.

Ако сте во врска и имате чувство дека вашата партнерка глуми оргазам, тогаш зборувајте отворено за тоа. Проблемот можеби и не е кај вас.

Што се однесува до вибраторот: Дали го сакаат повеќе од нашиот пенис?

Не паничете! Ништо не може да го замени вистинскиот пенис.

kolku-chesto-zhenite-razmisluvaat-za-seks-i-drugi-prashanja-za-seksot-na-koi-mazhite-baraat-odgovor-02.png

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg