Правила за мирно раскинување

pravila-za-mirno-raskinuvanje-povekjeМислите дека е најдобро секој да тргне по својот пат, но се плашите дека нема да соберете сила тоа да му го кажете на партнерот. Научете како...


...да раскинете на мирен и достоинствен начин.

Никој не вели дека нема да биде тешко и дека може да биде безболно, но можете да избегнете драма и да се обидете да не го повредите партнерот.

pravila-za-mirno-raskinuvanje

1. Погрешен начин да раскинете: СМС, мејл, Фејсбук. Користењето на технологии за да ја прекинете врската е студено, безлично, бесчувствително, првенствено затоа што другата страна не може да го види вашиот израз на лицето и да го слушне вашиот глас. Иако соопштувањето на лошите вести може да биде многу тешко, тоа секогаш треба да се направи очи во очи.

2. Наведете ја причината за раскинувањето. Никако немојте да го оставите партнерот без објаснување, па дури и ако се работи за кратка врска. Сконцентрирајте се на своите чувства и мирно обидете се да му објасните зошто не сте задоволни.

3. Дајте му до знаење дека навистина е готово. Многу луѓе премногу ги мачи реакцијата на другата личност, па ги оставаат работите недоречени и отворени. Зборувајќи како сакате раскинување со напомена дека вашите чувства би можеле да се сменат, на другата личност и праќате збунивачка порака.

4. Не го оговарајте бившиот партнер. Разговорот со пријателите за раскинувањето може да има терапевтско дејство и да биде од корист. Би требало да внимавате околу работите што ги прераскажувате затоа што деталите би можеле да дојдат до ушите на бившиот партнер, особено ако имате заеднички пријатели. Ако веќе сте раскинале нема потреба од дополнително навредување и озборување.

5. Без секс „за старите добри времиња“. Ако тоа се случи, значи дека помеѓу вас сè уште постојат нерешени чувства. Луѓето често го прават тоа за да дознаат дали работите се смениле, но кога ќе сфатат дека ситуацијата и понатаму е иста, по втор пат мора да поминуваат низ раскинувањето. Кој сака повторно да поминува низ таа ситуација?

Се согласувате ли со овие правила? Слободно дополнете ги овие правила со вашите предлози во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg