„Целта на сексот не е да постигнете оргазам“ - терапевт сподели 13 совети за добар секс што секој треба да ги знае (18+)

„Сексот не е нешто што доаѓа природно. Никој од нас не се родил со знаење, туку тоа се учи“ – вели секс терапевтот Трејси Кокс во нејзината најнова колумна каде говори за 13-те работи што секој треба да ги знае за сексот.

ako-vodite-ljubov-samo-za-da-stignete-orgazam-toa-e-kako-da-masturbirate-seks-terapevt-so-13-soveti-za-seksot-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-18-01.jpg

Водена од сопственото искуство како секс терапевт Трејси Кокс редовно во колумна споделува совети за подобар сексуален живот. Според неа постојат 13 работи што секој треба да ги знае, а кои значително ќе ви го подобрат интимниот живот со партнерот.

ako-vodite-ljubov-samo-za-da-stignete-orgazam-toa-e-kako-da-masturbirate-seks-terapevt-so-13-soveti-za-seksot-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-18-02.jpg

Во продолжение погледнете кои работи според нејзината колумна во Daily Mail се клучни за да го подобрите сопствениот сексуален живот:

1. Ако не можете да разговарате за сексот нема да имате добар секс. Разговорите за интимните работи може само дополнително да ја подгрејат атмосферата за време на интимните моменти.

2. Сексот не е нешто што доаѓа природно. Никој од нас не се родил со знаење како да води љубов, туку тоа го учиме со текот на времето и од искуствата.

3. Оставете време за романтичен викенд на секои 6 недели. Не мора да станува збор за скапо патување, туку за некое место каде нема да мора да размислувате за немиените садови, децата или неплатените сметки.

Ако не можете да издејствувате тоа да биде цел викенд, тогаш дозволете си само една вечер.

Голем број од двојките што имаат проблеми заради недостаток на секс, велат дека заедничкиот викенд многу им помогнал.

4. Преземете го првиот чекор кога и да можете да го направите тоа. Ако постојано чекате партнерот да го направи првиот чекор, тогаш нема да го добиете посакуваното задоволство.

Со тоа што вие ќе го преземете првиот чекор ќе се чувствувате многу помоќно, а со тоа и ќе доживеете поголемо задоволство од интимните мигови.

ako-vodite-ljubov-samo-za-da-stignete-orgazam-toa-e-kako-da-masturbirate-seks-terapevt-so-13-soveti-za-seksot-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-18-03.jpg

5. Обидете се со орален секс. Некои луѓе за време на орален секс доживуваат многу силни оргазми, а голем број жени тврдат дека само на овој начин можат да стигнат до „врвот“.

Доколку сметате дека не сте доволно вешти, тогаш направете истражување, постојат голем број веб страници со совети за тоа како да ги подобрите сопствените вештини.

6. Предиграта е секс. Сексуалниот чин не е главниот настан и предиграта не мора да се случи само пред да почне пенетрацијата.

Нежните допири во кој било дел од интимниот чин може да предизвикаат многу поголемо задоволство кај партнерите од самиот секс.

7. Не мора да завршите таму каде што сте почнале. Ова може да значи промена на просторијата за време на интимниот чин или промена на секс поза.

Уште едно добро правило е тоа да направите нешто што не сте го направиле последниот пат кога сте имале секс (нова секс поза, поинаква облека итн.).

ako-vodite-ljubov-samo-za-da-stignete-orgazam-toa-e-kako-da-masturbirate-seks-terapevt-so-13-soveti-za-seksot-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-18-05.jpg

8. Не треба партнерот да ве возбуди за да имате секс. Потребно е да преземете одговорност за сопствената возбуда и да го направите она што ќе ве стави во вистинското расположение.

9. Возбудата не е единствената мотивација за да имате секс со партнерот. Подеднакво е важно да го направите партнерот среќен, да се чувствувате поврзани и да му пружате задоволство.

Не мора и двајцата партнери да бидат расположени за секс, за интимниот момент да се случи.

10. Ако секој секс е совршен, тогаш не експериментирате доволно. Преземете ризик. Дозволете си да ги пробате и оние работи за кои стравувате дека ќе направат да изгледате смешно.

Сексот не е натпревар каде треба да добиете одлична оценка, ако чувствувате дека тоа треба да биде така, тогаш спиете со погрешна личност.

ako-vodite-ljubov-samo-za-da-stignete-orgazam-toa-e-kako-da-masturbirate-seks-terapevt-so-13-soveti-za-seksot-shto-sekoj-treba-da-gi-znae-18-06.jpg

11. Не правете отстапки. Можеби компромисот од типот „една вечер по мое, друга по твое“ ви се звучи како најдобро решение, но тоа не е така.

Секој од партнерите ќе се чувствува ужасно вечерта кога не е негов ред да доминира.

Наместо тоа, обидете се да ги вклучите работите што и двајцата ги сакате во една вечер, или обидете се со нешто ново што подеднакво ќе ви се допадне и на двајцата.

12. Најдобрите оргазми се оние што ги имате кога мастурбирате. Ова е сосема нормално и најверојатно се случува затоа што не мора да се грижите за никој друг освен за себеси и знаете дека никој нема да ве осудува за постапките.

13. Не се оптоварувајте премногу со оргазмите. Тие се прекрасни, но не се најважни.

Зошто да брзате да стигнете до целта? Сексот што е фокусиран само на оргазмот во целост ја промашува целта на интимниот чин и тоа е исто како да го користите партнерот само за мастурбација.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg