Прашувам за другарка: Како да започнам со користење вибратор? (18+)

Веројатно и вие, вашата другарка, како и ние, не сме посетувале лекции како да користиме вибратор. За среќа, тоа не е баш некоја комплицирана наука.

prashuvam-za-drugarka-kako-da-zapochnam-so-koristenje-vibrator-01.png

Кога станува збор за мастурбација, можеби не знаете од каде да започнете или како да го направите тоа.

И, додека прстите можат да ви помогнат да се опуштите, има и други опции кога станува збор за соло секс. И така доаѓа вибраторот…

Па, како да започнете?

Користењето вибратор се сведува на вашите сексуални преференции и она што прави да се чувствувате удобно.

Направете удбона атмосфера во вашата спална соба (или место по избор), одвојте време и истражувајте.

Користете го на различни делови од вашето тело за да видите како се чувствувате. Запомнете - не постои „правилен“ начин за задоволување.

Играчките се наменети да внесат забава во вашето искуство. Погрижете се да сте во удобен простор ментално и физички. Ако ви е првпат, одберете го наједноставниот вибратор.

prashuvam-za-drugarka-kako-da-zapochnam-so-koristenje-vibrator-03.png

Користете лубрикант, дури и ако е само надворешно

Нема ништо лошо во тоа да ви треба лубрикант. Потребата за лубрикант нема никаква поврзаност со вашата сексуална способност. Секс играчките може да направат да се чувствувате малку „суво“.

Вибраторите имаат подвижни делови и мотори, кои кога се загреваат можат да направат природната влажност на вашата вагина да испари.

Можеби мислите дека лубрикантот е неопходен само за пенетрација, но дури и ако користите вибратор само на вашиот клиторис, лубрикантот може да биде добра идеја.

Кожата на вашиот клиторис е многу чувствителна и сува, па од вибраторот би можела да се иритира ако нема доволно навлажнување.

prashuvam-za-drugarka-kako-da-zapochnam-so-koristenje-vibrator-02.png

Престанете ако се чувствувате непријатно

Во секое сексуално искуство - со партнер или соло, вие имате авторитет над она што прави да се чувствувате добро. Го познавате вашето тело.

Не продолжувајте да го користите ако ве боли. Ако нешто не прави да се чувствувате добро или удобно, во ред е да престанете.

Секогаш можете повторно да пробате кога ќе бидете подготвени.

Чистете го пред секое користење

Додека соло сексот спречува бременост, постојат и некои ризици со кои би можеле да се соочите ако не ги чистите правилно играчките.

Сепак, внимавајте со што ги чистите. Секогаш одбирајте средства кои се наменети за интимни уреди, а ако не можете да најдете, тогаш тоа направете го со гел за миење на интимни делови од телото.

Многу е важно да ги прочитате упатствата на вашата конкретна играчка за да знаете како да ја одржувате чиста. Ако се плашите од инфекции, можете да користите и кондом на вашиот вибратор.

Дополнителен совет

Ако вашиот вибратор е со полнач, проверете дали е целосно наполнет пред да започнете со вашата соло сесија, бидејќи не се препорачува за употреба додека е вклучен.

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg