Хит шеговита листа: 17 совети како најлесно да си го уништите бракот

Додека е излезен, во првиот 1 час барајте го на телефон најмалку 10 пати, за небитни работи. Кога ќе зготви нешто, најдете мана, пресолено, не е солено, загорено е. Иницијатива за секс никако не смеете да имате.

hit-shegovita-lista-17-soveti-kako-najlesno-da-si-go-unishtite-brakot-01.jpg

Сите ние среќно си живееме со нашите партнери, а можеби и не... Постојано се трудиме да придонесеме за подобрување на врската или бракот, ама имајќи предвид дека за тоа треба константен компромис и толеранција, многу често ни пука филм.

Драги дами (а може и господа, во обратна корелација), во продолжение следат неколку топ совети како да си го уништите бракот:

1.  Постојано приговарајте му на сопругот дека не помага по дома – ако сепак помогне, најдете му што повеќе маани на сработеното.

2. Кога ќе сака да излезе со пријателите, кажете му дека баш тој ден сте планирале да излезете со другарките и не попуштајте (тој мора да остане дома со децата).

3. Додека е излезен, во првиот 1 час барајте го на телефон најмалку 10 пати, за небитни работи.

4. Кога ќе зготви нешто, најдете маана, пресолено, не е солено, загорено е.

5. Иницијатива за секс никако не смеете да имате.

6. Ако самиот побара секс, задолжително одбијте го, изговорот е небитен.

7. Секогаш трудете се далечинскиот од телевизорот да е кај вас и да гледате само тоа што тој не сака да гледа.

8. Секој неуспех или беља на децата препишете му ги нему.

9. Постојано малтретирајте го за колешките на работа, дали му се додворуваат, дали се поубави од вас, дали заради нив доцни од работа… љубоморните сцени многу помагаат.

10. „Добар ден“ и „Пријатно“ се строго забранети, се знае – сопругот се чека и се испраќа со намрштена фаца.

11.  Што повеќе излегувајте на ноќни журки без него, враќајте се расположена и со искинати хулахопки, сигурно ќе биде воодушевен.

12. Заеднички романтични моменти се забранети; насмевка на лице и топ расположение само ако се спремате за излегување без него.

13.  Трудете сè што повеќе да зјапате во телефонот додека седите заедно во дневна соба.

14. Кога и да ве праша што има за ручек, одговорете дека има тоа што зготвил (гарант е ништо)

15. Ако оди кај родителите, брат или сестра, извадете му го тоа „низ нос“.

16. Во секоја прилика озборувајте ја свекрвата, ова носи многу поени.

17. Задолжително оставајте го автомобилот на резерва со гориво.

Истиов рецепт важи и обратно, може и мажи да го испробаат.

Од лично искуство ви тврдам дека ова е испробано успешен рецепт за уништување на бракот. Текстот има хумористичен карактер, иако за жал многу често е жива вистина.

Но, доколку сте нормална жена која си го сака и цени сопругот, којшто притоа сама си го одбрала, во некој следен текст ќе ви пишам неколку совети како да се поправи штетата од горенаведеното однесување.

Сакајте си ги сопрузите и уживајте во секој заеднички миг со нив, зашто никој не е совршен!

Кара | Црнобело / фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg