Нови правила за сексот и врските

novi-pravila-za-seksot-i-vrskite-povekjeДали незадолжителниот секс може да се претвори во сериозна врска? До сега важело правилото дека ако сте интимни со маж уште првата...


...вечер по запознавањето тешко дека можете да очекувате дека во иднина тој ќе сака нешто повеќе од секс. Денес пак важат некои други правила.

Живееме во свет на постојани промени, но поради некоја причина, многу парови сеуште ја користат старата верзија на љубовни совети. Играње по одредени правила ќе го стивне вашиот внатрешен глас и помалку ќе обрнувате внимание на своето искуство“ вели Д-р Бенати Маршал, која наведува во кои аспекти на нашиот интимен живот треба да ги менуваме врежаните ставови.

Правило кое повеќе не важи: Незадолжителниот секс никогаш нема да се претвори во сериозна врска.

novi-pravila-za-seksot-i-vrskite

Господинот „за една вечер“ може да се претвори во господин „сопруг“. Незадолжителниот секс во модерното живеење повеќе не е табу тема. Голем број врски започнале како „врска за една вечер“.

Како можете да ги зголемите шансите сексот да се претвори во нешто посериозно? Успорете. Без разлика на тоа колку бил интимен вашиот прв состанок, одолејте на предизвикот партнерот да го гледате секој ден и секогаш да завршите во кревет. На секоја врска и треба време за да стане вистинита, а ако постојано инсистирате на секс, создавате лажно чувство на блискост.

Правило кое повеќе не важи: Сексот мора да биде спонтан за да биде добар.

Спонтаниот секс е мит. Највозбудливите епизоди секс во врската се случуваат кога сексот е планиран и подготвен. Дали вие и вашиот партнер сте флертувале за време на вечерата? Дали сте облекле секси долна облека претпоставувајќи што ќе следи на крајот од вечерата? Всушност така го ставате сексот во сопствениот распоред.

Планирањето на сексот е поважно колку сте подолго во врска. Паровите кои со недели немаат секс би требало да се запрашаат дали е време да престанат да очекуваат тој да се случи ненадејно, спонтано? Испланирајте целодневна предигра која ќе ја подигне возбудата и тензијата пред финалето во спалната соба. 

Правило кое повеќе не важи: Не одете налутени на спиење.

Се верувало дека ако отидете во кревет лути, недоразбирањето и судирот само ќе пораснат за време на ноќта. Меѓутоа вистината е дека повеќе парови најчесто не се соочуваат кога се лути, па малку е веројатно дека ќе почнат да го решаваат спорот додека „им чури пареа“ од ушите. Преспијте го проблемот, но обврзете се дека ќе го решите следниот ден.

Ако го задржите бесот во себе во разумен период пред да го искажете, сте добиле на време и проблемот ќе го согледате од повеќе агли и со студена глава.

Правило кое повеќе не важи: Не зборувајте за пари, освен ако не сте во брак.

Не изненадува тоа што луѓето се обидуваат да ги избегнат разговорите за парите: научниците велат дека тоа е едно од најтешките три прашања за паровите. Ако сте во врска и не зборувате за финансиите, таа тема ќе се отвори подоцна со потенцијална опасност да ги преплави сите останати прашања.

Секако тоа не значи дека уште на првиот состанок треба да донесете даночна пријава, но подоцна би требало отворено да зборувате за финансиските оптоварувања кои ги донесува врската. Можеби имате сериозен кредит или често го менувате телеоператорот поради неплатени сметки.

За финансиите треба да се зборува, за подоцна да нема непријатни изненадувања. Важно е да видите дали вие и вашиот партнер имате сличен однос кон парите, начинот а кој ги трошите, штедите или инвестирате.

Правило кое повеќе не важи: Парот не треба веднаш по започнувањето на врската да живее заедно.

Паровите што веднаш почнуваат да живеат заедно имаат можност да проверат колку им одговара партнерот, како се сложуваат за сите прашања кои подоцна евентуално ќе ги донесе бракот.

Брачните терапевти велат „играјте си дом“, затоа што на тој начин можете да ја проверите пред сè својата емоционална зрелост. Расправајте за заедничката иднина за да бидете сигурни дека тој потег е камен темелник, а не некој вид привремено решение кое го наметнале околностите.

Би можело да ве интересира:

5 популарни митови за врските во кои треба да престанете да верувате Среќните парови никогаш не се расправаат, а партнерите мораат да имаат исти инте...
Пози за мастурбирање за жени што ќе ви покажат дека (понекогаш) и не ви треба партнер (18+) Легнете на стомак и ставете една или две перници во пределот под стомакот и колк...
Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил,...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg