Машки секс исповеди: „Нè фрустрираат проблемите со ерекцијата и атрактивни жени кои се здодевни во кревет“ (18+)

„Мразам кога жените ќе се обвијат како мумија и ќе ги исклучат светлата за да не им го видам голото тело – тоа ми го убива расположението.“

mashki-seks-ispovedi-ne-frustriraat-problemite-so-erekcijata-i-atraktivni-zheni-koi-se-zdodevni-vo-krevet-01.jpg

Магазинот TheSun спровел свое истражување на тема секс, односно прво што сакаат жените во сексот, а сега и што сакаат, односно не сакаат мажите во сексот.

Во статија ги објавуваат заклучоците до кои дошле, преку исповеди на нивни читатели.

Што сакаат мажите во сексот:

Посакување

„Жените секогаш очекуваат комплименти, но никогаш не ги даваат и тоа прави да се чувствуваме непосакувани.“

„Наредната партнерка планирам да ми биде атрактивна, самоуверена жена која ќе знае да дели комплименти, за и јас да се чувствувам секси.“

„И јас имам потреба некој да ми каже дека сум секси, ми помага да се поврзам со личноста со која имам секс.“

Запалени светла

„Мразам кога жените ќе се обвијат како мумија и ќе ги исклучат светлата за да не им го видам голото тело – тоа ми го убива расположението.“

„Девојки, кога сте голи ние сме возбудени, не ви го бараме ниту целулитот, ниту стриите – не го ни забележуваме тоа.“

„Сакам партнерката да вежба, не затоа што ќе биде позгодна, туку затоа што таа самата ќе се чувствува посекси и ќе има самодоверба за секс со запалени светла.“

Да ве задоволиме

„Ме нервира кога жената ќе направи сè за мене во предиграта, а потоа не ми дава да ѝ возвратам.“

„Сакам партнерката да ми дозволи да ја задоволам, ме возбудува кога гледам како уживаат жените.“

mashki-seks-ispovedi-ne-frustriraat-problemite-so-erekcijata-i-atraktivni-zheni-koi-se-zdodevni-vo-krevet-02.jpg

Упатства

„Сакам повеќе упатства од жените во кревет – ние не знаеме да читаме умови.“

„Една девојка ме остави со образложение дека цело време глумела оргазам со мене... А зошто не ми кажа порано за да сменам нешто?“

„Лажните оргазми се најлошата работа што можете да ја направите во сексот.“

Здодевен секс

„Нема поголемо разочарување од тоа кога ќе запознаете навистина атрактивна девојка и потоа откривате таа е комплетно здодевна во кревет.“

„Да изгледате добро, не е доволно, сакаме жени кои не се плашат да иницираат секс и да пробуваат нови пози.“

„Сакаме секс под туш, во шума, а не само во кревет.“

Непријатни прашања

„Понекогаш навистина ни е тешко да постигнете ерекција и прашања за тоа до каде сме само ја влошуваат ситуацијата.“

„За мажот проблемот со ерекцијата е навистина чувствителна тема и може да му влијае на самодовербата, се чувствуваме како лоши љубовници, тогаш сакаме да нè охрабрите.“

Прочитајте и Искрени женски секс исповеди: „Што сакам, а што мразам во сексот?“ (18+)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg