Искрени женски секс исповеди: „Што сакам, а што мразам во сексот?“ (18+)

„Ме плашат момци кои сакаат да имаат секс по 7 часа, мене тоа ми е премногу.“

iskreni-zhenski-seks-ispovedi-shto-sakam-a-shto-mrazam-vo-seksot-01.jpg

Магазинот TheSun спровел свое истражување на тема секс, односно што сакаат жените во сексот.

Во статија ги објавуваат заклучоците до кои дошле, преку исповеди на нивни читателки.

Што им е потребно на жените во сексот:

Емоционална поврзаност

„Мене ми е тешко да се опуштам со некого во сексуалниот чин, ако не сум емоционално поврзана со него.“

„За да можам да бидам опуштена во сексот, мора да сум излегла на повеќе состаноци со типот и тој да се отворил пред мене.“

„Прво мора да ми е возбуден умот, а дури потоа телото. Сакам да се чувствувам поврзано и да имам доверба во партнерот со кого имам секс, комуникацијата е клучна.“

Квалитет, а не квантитет

„Ме плашат момци кои сакаат да имаат секс по 7 часа, мене тоа ми е премногу.“

„Мразам долг секс, глумам дека сум доживеала оргазам, па повторно и повторно, сè додека не биде готово – како некој затворен магичен круг.“

„Погрешен е ставот на мажите дека долгиот секс е поим за добар секс, не, ние сакаме квалитет, а не квантитет, и 15 минути ни се доволни ако знаат како да нè допрат.“

Добар мирис

„Мене не ме интересира изгледот на мажот, туку сакам да ми мириса добро. Слаба сум на уреден маж со добар парфем и сакам да му ја искинам облеката.“

„Понекогаш партнерот го бирам само според начинот на кој мириса – искрено!“

iskreni-zhenski-seks-ispovedi-shto-sakam-a-shto-mrazam-vo-seksot-02.jpg

Полека и нежно

„Ништо не ме нервира повеќе од маж кој ме прашува дали сум блиску до оргазам – ништо не ми прави поголем притисок од тоа.“

„Притисокот за оргазам само ми креира стрес и ми лачи хормон на стрес кортизол и ме оддалечува од оргазмот.“

Изведба, а не големина

„Навистина ми е поважно како се движи и како ме допира и дали има страст меѓу нас отколку колку му е голем половиот орган.“

„Ако линијарот ви покажува голема бројка, тоа не значи дека сте добар љубовник, нам ни е потребна клиторисна стимулација, а не длабока пенетрација.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg