Ваквиот став привлекува љубов

vakviot-stav-privlekuva-ljubov-povekjeТајните на привлечноста ги интересираат луѓето од денот на нивното постење. Треба да бидеме свесни дека нашиот изглед и став можат да...


...помогнат во пронаоѓањето и одржувањето на љубовта.

Самоувереноста и насмевката го привлекуваат спротивниот пол.

Насмевнете се

vakviot-stav-privlekuva-ljubov

Среќниот став има неверојатна привлечност, но при тоа не мислиме на лажна насмевка. Можеби е тешко да бидеме весели ако во моментот сме тажни, или ако разговорот со новата личност одеднаш стане здодевен.

Но, ако баш и не се чувствувате најубаво нема да биде премногу труд ако неколку секунди се натерате да се насмевнете, верувајте тоа може да биде вредно. Кога се насмевнуваме некому, тоа кај таа личност може да предизвика среќа, со други зборови може да почне да ја дели радоста со вас. Насмевката прави и да изгледате поубаво.

Оддавајте самодоверба

Самоуверениот став делува како голем рефлектор, нагласувајќи ги сите ваши квалитети. Самоуверените луѓе се попривлечни. Ако некогаш дојдете во искушение себе си да се коментирате негативно со цел да бидете рационални, немојте да го правите тоа. Кога луѓето прават негативни коментари за себе, па дури и на шега, тие со време почнуваат да веруваат во нив.

Преземете контрола над вашата судбина

Кога цврсто ги држите уздите на својот живот и не се плашите од донесување на одлуки, тогаш сте во состојба да ја пронајдете радоста во својот живот. Преземањето контрола над својот живот и независноста преставува неодолива привлечност за спротивниот пол.

Ако сте веќе исполнети, вашиот потенцијален партнер нема да добие чувство дека тој е единствениот позитивен фактор во вашиот живот. Впрочем кој би сакал таков притисок?

Фокусирајте се на сегашноста

Кога ќе запознаете интересна личност обрнете внимание на еден многу важен совет: немојте уште на првиот состанок да ги изнесувате вашите идеи и планови за големи пресвртници во животот (брак, или слично..)

Наместо тоа зборувајте за работи кои имаат смисол, кои сега се случуваат и кои можат да ве потсетат дека имате што да понудите. Така ќе бидете многу поинтересни и партнерот/партнерката ќе сака да остане покрај вас.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg