9 реченици кои жените не сакаат да ги слушнат

9-recenici-koi-zenite-ne-sakaat-da-gi-slusnat-povekjeАко се вратат од фризер, а тој наместо љубезно да им рече: „Супер ти е фризурата“, им рече „Што си и правела на косата?“ на повидок е војна.


Жените се осетливи на одредени фрази, а ова се најлошите престапи кои не треба да ги чујат дамите.

Изгледаш уморно и исцрпено

Тоа е исто како на жената да сте и рекле дека изгледа бледо и старо. Не треба да се биде искрен по секоја цена кога е изгледот во прашање. Ако сте загрижени подобро понудете се да и помогнете во некоја  работа.

Што има за ручек?

На децата ова прашање им е дозволено, но на сопругот, не. Уште ако се јавува на средина од работното време за тоа да ја праша или праќа СМС во момент кога таа има безброј други работи – тоа прашање може да ја извади од такт. 

Еве идам

Тоа е фраза која е во генетскиот код на секој маж и дете – и непогрешиво ја користат кога таа ги замолува да и го олеснат животот.

9-recenici-koi-zenite-ne-sakaat-da-gi-slusnat

Ајде опушти се малку

Тоа всушност значи – престани да бидеш хистерична. Во себе го вклучува надмоќниот мачо гард. Тој всушност сака да нагласи дека таа не и е дорасната на ситуацијата и дека треба да изброи до десет па да реагира.

Денес изгледаш супер

На прв поглед ова е комплимент кој звучи сосема прифатливо. Но, кога подобро ќе размислите „Зошто денес?“ Сака ли тој да коментира дека вчера изгледав ужасно? Барем не речеше „денес“.

Баш те тресат хормоните

Ултимативно машко безобразие. Секогаш кога ќе предизвикаат бес со своето однесување или кога со аргументи нема да можат да докажат дека се во право – тие се вадат на хормоните.

Што ти е тоа со косата?

Кога е во прашање косата, мажите ништо не разбираат. Зошто едноставно не речат: ми се допаѓа како си извлекла прамени.

Мајка ми готви подобро

Потполно субјективна и неважна изјава, при тоа на сите им е јасно дека жената не може да се натпреварува со кујната од детството, зачинета со носталгија и спомени на времето кога им било убаво и безгрижно. И прашање над прашањата – зошто ќерките никогаш не велат дека нивните мајки готват најдобро, туку секогаш тоа го велат синовите?

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg