Слоеви гардероба - безброј комбинации

sloevi-garderoba-bezbroj-kombinacii-povekjeЗимата е време кога можеме да ја покажеме нашата умешност за комбинирање на различна облека, материјали, дезени, бои... Сега е вистинско...


...време за вежбање на облекување во слоеви.

sloevi-garderoba-bezbroj-kombinacii

Еве како да го покажете омилениот летен фустан, во средината на декември во потполно ново издание.

Подобро грее во повеќе слоеви
Повеќе тенки слоеви подобро ќе ве греат, а ќе изгледате и поинтересно. Подолгата облека, односно слој, се носи под пократката - на пример, долга кошула, па врз неа кратка блуза, па врз неа уште пократка јакна.

Забава со бои
Добро забавувајте се комбинирајќи ги дезените, материјалите и боите – најдобар начин да добиете интересна комбинација е со помош на контрасти. Само храбро!

Мислете креативно
Излезете од стандардните рамки – комбинирајте го и она што ви се чини невозможен спој. Наместо блуза, преку фустанот облечете памучна кошула.

Ременот ја решава работата
Ако мислите дека поради одбраната комбинација сте ја изгубиле силуетата - ставете ремен кој ќе ви го врати струкот.

Макси
Како што ова лето беа популарни макси фустани и здолништа, така оваа зима актуелни се долги, макси џемпери. На сето тоа, по потреба, облечете и кратка јакна.

Кожа и волна
Комбинација на кожа и трикотажа е една од најпопуларните оваа сезона. Кој вели дека џемперите не одат со кратка кожна јакна? Направете комбинација од една или неколку слични бои - облечете ги од посветла кон потемна или обратно. 

Би можело да ве интересира:

Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
5 модели на здолништа што ќе бидат хит оваа зима (и 4 што веќе се демоде) Додека карираните и тексас здолништата се мошне популарни, карго здолништата веќ...
Како да ги комбинирате капри панталоните – „најконтроверзниот“ тренд за ова лето? Дури и да ги мразите, вреди да им дадете шанса на капри панталоните – изгледаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg