Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јовановски

„Јас го замислив во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско сина. Тоа е долг фустан со уште пола метро шлеп. На истиот се рачно ставени околу 1.350 пердуви, еден по еден. Во горниот дел пердувите се дополнети со стакла и монистра“, вели нашиот дизајнер Златко Јовановски за неговата нова светска креација.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-01.jpg

Фархана Боди, ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“ што се емитува на Нетфликс, носеше креација од нашиот дизајнер Златко Јовановски на доделувањето на наградите Инфлуенсер на годината.

Златко и овој пат направи светски луксузен фустан, во боја на мастило, со пердуви, а креацијата е изработена специјално за Фархана.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-03.jpg

„Вчера во Дубаи имаше црвен килим и доделување на наградите Инфлуенсер на годината. На тој настан Фархана облече моја креација, специјално направена за неа, надополнета со високи ракавици.

Ние добивме понуда од нејзиниот стилист и нормално дека ја прифативме без многу размислување.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-04.jpg

Стилистот бараше фустан кој ќе биде долг и нема да открива многу, а истовремено да не треба да биде во боја на тенот на кожата.

Инсистираше и да има пердуви токму од тој вид што го користевме.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-poveke-1.jpg

Јас направив пет дизајни, пет скици и тие го одбраа токму овој фустан.

Мене ми беше замислен првично во боја на лаванда, но Фархана се реши за кралско сина.

Тоа е долг фустан со плус пола метро шлеп.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-poveke-21.jpg

На истиот се ставени рачно околу 1.350 пердуви, еден по еден. Во горниот дел пердувите се дополнети со стакла и монистра.

Ракавиците се тука за да го направат целиот изглед погламурозен. Таа го искомбинирала нашиот фустан со дијаманти и брилијанти“, вели Златко.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-05.jpg

Тој открива и дека е голем фан на шоуто Dubai Bling и дека го следи и поради Дубаи, и поради модата што се презентира во самото шоу, како и нивните животи.

„Тоа се успешни млади луѓе кои имаат направено милиони и нивните проблеми се секогаш поинтересни од проблемите од моето секојдневие.

Меѓу другото, секоја епизода ‘вреска’ од луксуз, а јас уживам гледајќи ги“, додава нашиот дизајнер.

luksuzen-fustan-so-1-350-perduvi-za-dzvezdata-na-shouto-dubai-bling-na-netfliks-zlatko-jovanovski-so-nova-svetska-kreacija-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg