Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото)

Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комбинации со новите UGG папучи... Дали би ги носеле?

papuchite-ugg-se-hit-kaj-makedonskite-influenserki-noviot-trend-gi-podeli-mislenjata-foto-01.jpg

Сè поголем хит во светот се папучите од брендот UGG, кои може да се носат дома, но и надвор.

Оние што ги пробале, велат дека се преудобни и дека во нив се чувствуваат како ногата да им лебди во облаци. Други, пак, не се воодушевени од нивниот изглед и тврдат дека никогаш не би ги ни пробале, камо ли да ги носат.

papuchite-ugg-se-hit-kaj-makedonskite-influenserki-noviot-trend-gi-podeli-mislenjata-foto-01_1.jpg

Овие папучи стануваат омилени и кај македонските инфлуенсерки. Фотографии на Инстаграм Стори објавија Александра Шијакоска и Маја Кикириткова, кои покажаа како ги искомбинирале со својот аутфит.

Интересно е што овие домашни папучи, дури и кога се носат надвор, се комбинираат со хулахопки и бели дебели чорапи.

papuchite-ugg-se-hit-kaj-makedonskite-influenserki-noviot-trend-gi-podeli-mislenjata-foto-02.jpg

Па така, на Инстаграм прифилот @podgoricki_vremeplov, внимание привлече објавата во која жена бара „да ѝ се објаснат папучите“.

„Може ли некој да ми го објасни феноменот на овие собни папучи кои се носат во секоја можна пригода?

Забележав дека се носат во продавници и тоа е океј, си мислам, некој истрчал од дома да купи нешто, ама да се носат на снег и низ град во зимскиот период, тоа не ми е јасно“, стои во коментарот.

Што мислите вие за овие папучи? Дали би ги носеле?

Погледнете повеќе модели и комбинации и кажете ни дали и се допаѓаат или не:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg