Златко Јовановски за новата колекција: „Сошивме венчаница со 38.000 рачно везени кристали за 11 дена“

„Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - работевме 5 луѓе, на неа се ставени 22.000 кристали, 16.000 помали кристали и безброј бисери и мониста. Сите се рачно шиени, еден по еден во тек на 11 дена, а кога само еден човек би ја работел, би потрошил околу 440 часа“, вели нашиот дизајнер.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-01.jpg

Модниот дизајнер Златко Јовановски и официјално ја претстави својата нова колекција Pure, која е составена претежно од венчаници, но и по некој свечен фустан.

Колекцијата беше првично промовирана во ноември 2023, на Саемот за венчаници во Измир, кој е еден од најголемите од овој тип во светот.

Колекцијата од 10 парчиња вклучува венчаници и фустани за специјални пригоди, а сите креации се надополнети со вез од мониста, стакла, бисери и камења.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-02.jpg

За својата нова колекција, Златко вели:

„Јас како дизајнер сум посебно горд на нашето ремек-дело, венчаницата која што е направена со посебно внимание и ја направивме само за да се надминеме себеси и сè она што досега го имаме направено.

На таа венчаница работевме 5 луѓе, на истата се ставени 22.000 кристали, 16.000 помали кристали и безброј бисери и мониста. Сите овие детали се рачно шиени, еден по еден.

Вкупно потрошивме 11 работни дена, односно кога само еден човек би ја работел оваа венчаница би потрошил околу 440 часа. Венчаницата е долга 3 метри, широка е 5 и пол метри и тежи 18 килограми.

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-03.jpg

Самата фотосесија ја визуелизирав како чиста и темна позадина за да дојдат во примарен план креациите и деталите. За да биде магијата потполна, знаев дека сакам заштитно лице на колекцијата да биде Ориола Мараши, една од најуспешните модели во светот, која воедно и е заштитно лице на брендот Guess.

Преку наши заеднички пријатели дојдов до контакт со неа и морам да кажам дека договарањето и организацијата беа многу брзи и професионални. А јас сум презадоволен од крајниот резултат.“

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-01_1.jpg

zlatko-jovanovski-ima-nova-kolekcija-soshivme-venchanica-so-22-000-rachno-vezeni-kristali-ja-rabotevme-11-dena-05.jpg

Повеќе фотографии од колекцијата погледнете во галеријата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Втората вечер на Shtip Fashion Days со дневни и вечерни ревии - мода, креативност и современ дизајн Во рамки на манифестацијата „Shtip Fashion Days“, вчерашниот ден помина во знако...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...

Најчитани неделава