Be x NOIRÉ - кога модата раскажува локални македонски приказни

Нова, возбудлива соработка на “Be.” и тимот на NOIRÉ. Сара Дамчевска како дел од овој тим се појавува како дизајнер на визуелните елементи пресликани од делата на Башески на палтата и капутите на “Be.”

be-x-noir-koga-modata-raskazhuva-lokalni-makedonski-prikazni-01.jpg

Тимовите на “Be.” x NOIRÉ го претвораат локалното уметничко наследство во нослива уметност. Овојпат, во фокусот се автентичните дела на македонскиот вајар Жарко Башески, кои преку уникатни принтови и дизајни добиваат нов живот на капути и мантили.

“Голема чест ни е што креациите на “Be.” го привлекоа вниманието на тимот на NOIRÉ, а делата на Башески совршено се вклопија во нашата визија за брендот. Соработката го слави спојот на модата и уметноста, притоа зачувувајќи ја суштината на локалната култура. Секој примерок е приказна – внимателно создадена и раскажана низ визуелни елементи кои ја истакнуваат индивидуалноста и автентичноста.” – изјави Билјана Силјановска, еден од основачите и моден дизајнер на “Be.”.

„Локализирана игра на уметност и мода“ – тоа е она што “Be.” x NOIRÉ го носат на модната сцена, укажувајќи дека стилот е повеќе од тренд – тој е израз на културен идентитет.

Заследете: @be.official.page и @wearnoir.e

Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg