Мажите „паѓаат“ на црвен кармин

mazite-pagjaat-na-crven-karmin-povekjeДали да вложите во пар високи штикли, или во нов Шанел црвен кармин? Ако треба да одберете само една од овие две ставки, истражувањето покажало...


...дека црвените усни се подобрата опција.

Момците откриваат дека розевите или црвените усни се попривлечни од најсексапилните чевли со високи потпетици.

Во неодамнешните истражувања на сајтот match.com на повеќе од 24.000 мажи и жени, 88% испитаници рекле дека насмевката на оној со кого излегле им оставила најголем впечаток на првиот состанок, а само 12% ги одбрале чевлите.

Додајте малку црвенило на насмевката и вашата привлечност ќе се истакне уште повеќе, според студијата на Универзитетот во Манчестер.

mazite-pagjaat-na-crven-karmin

Истражувачите го следеле движењето на очите на 50 мажи и откриле дека за време од 10 секунди, откако сретнале жена за прв пат, просечниот маж троши половина од своето време гледајќи ја жената во уста.

Ако таа има кармин, ќе му биде уште потешко да го сврти погледот: малку розева боја може да го задржи неговото внимание 6,7 секунди, додека црвената боја го држи насочен кон усните 7,3 секунди.

Според студијата, пополните усни, генерално гледано, имаат предност, иако привлечноста на жената со потенки усни пораснала за 40% ако на нив има кармин. Ако дамите биле без кармин, мажите се умориле од гледањето на усните веќе по 2,2 секунди. Значи, без разлика на типот на вашите усни, се исплати да се стави малку боја кога се оди на состанок.

Би можело да ве интересира:

Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Цеца одбра стајлинг од 16.350 евра за вечерата со најубавиот Италијанец - Симоне Сузина ја воодушеви... На Инстаграм профилот StyleByCeca, кој постојано објавува детали за модните избо...
Модели на чевли што ќе доминираат во 2026-та Женствени салонки со ниска или средна потпетица, како и ретро кломпи идеални во ...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg