Бела Хадид повторно гола и без градник – Што облекоа ѕвездите на отворањето на Кански фестивал и кој го прекрши дрескодот?

Бела повторно се појави во разголено издание и го прекрши новиот дрескод, Ева Лонгорија блесна во златна тоалета, а Хајди Клум носеше волуменозен розов фустан и не го имаше најдоброто модно издание – што носеа ѕвездите на отворањето на Кански филмски фестивал 2025?

bela-hadid-povtorno-bez-gradnik-shto-oblekoa-dzvezdite-na-otvoranjeto-na-kanski-festival-i-koj-go-prekrshi-dreskodot-01.jpg

Вчеравечер започна 78-то издание на Филмскиот фестивал во Кан, а на црвениот тепих, имињата кои се повеќе поврзани со модата отколку со филмот, покажаа дека старите навики тешко умираат.

Иако организаторите неодамна објавија нови правила за облекување, барајќи гостите да бидат примерно облечени, без голотија, водејќи се по модните изданија од минатите години, сепак некои повторно ги прекршија правилата.

Прочитајте повеќе: Дел од „вулгарните“ фустани на Канскиот филмски фестивал, поради кои организаторите забранија голотија на настанот

Бела Хадид изгледаше извонредно во фустан кој ја истакнува нејзината фигура, но сепак, ризикуваше со големо прекршување на дрескодот, со оглед на тоа што е со висок шлиц и без градник.

Германскиот супермодел Хајди Клум изгледа исто така не слушнала за новите правила, па се појави во волуменозен розов фустан кој се влече 3 метри зад неа и има висок шлиц, креација на Elie Saab.

Имаше уште неколку дами кои не го испочитуваа новиот дрескод, но се појавија и такви кои се претставија отмено, со елеганција и умерена доза на разголеност. 

Погледнете како се облекоа некои од најпознатите имиња на отворањето на Кански фестивал 2025:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...

Најчитани неделава