4 сигурни знаци дека градникот не ви е точен (и изгледате несоодветно)
Градите не треба да ви „претекуваат“ од градникот, но не треба ниту да имате голема празнина. Појасот за закопчување не треба да ви се крева нагоре од што е стегнат, туку треба да оди паралелно со рамениците.
Можеби на прв поглед, не ви личи како тешка задача да одберете градник, но всушност треба да се потрудите повеќе доколку сакате да оставите добар впечаток.
Да, верувале или не, доколку градникот ви е помал или преголем, тоа се забележува дури и од далеку и делува невкусно и несоодветно.
Доколку брзински купувате градници и само ги пробувате одозгора, можеби треба да обрнете внимание дали се појавуваат знаци кои откриваат дека големината е згрешена.
Следниве знаци откриваат дека градникот не ви е точен:
Во корпата има празен простор или градите „претекуваат“ преку корпите на градникот
Идеалната големина на корпа точно ја следи линијата и формата на градите – без никакви празнини ниту притискања.
Понекогаш ова не зависи само од бројот, туку и формата на градите и моделот, па пробајте повеќе различни модели и броеви, па обидете се да го најдете најидеалниот за вас.
Несоодветно вклопување на градникот со градната коска
Ако градникот ви е точен, предниот дел меѓу двете корпи, треба цврсто и рамно да стои над градната коска, не да остава празнини.
Ако можете да ставите прст измеѓу телото, градникот се двои од градната коска, градите ви се премногу притиснати и свиткани една кон друга, или долната жица ви оди преку градите, значи дека ви е потребна поголема корпа.
Појасот на градникот одзади се крева нагоре или ви ја витка кожата на грбот
Задниот појас на градникот, каде што се закопчува, треба да биде паралелно поставен со рамениците, без да оди нагоре, ниту пак да виси. Треба да најдете соодветна големина на градник во обем и во корпи, за да не мора премногу да го стегате и да ви ја собира кожата или да ја губи линијата.
Прерамките ви ја притискаат и пресекуваат кожата на рамениците
Ако по неколку часа носење, чувствувате притисок во рамениците или имате црвенило и вдлабнати линии од прерамките, тоа е јасен знак дека градникот не ви е соодветна големина. Градникот треба да ги поддржува градите, а не да го поднесува целиот притисок.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





