Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè)
Широки панталони
Широките панталони се сметаат за основно парче кое вреди да го имате во гардероберот.
Ѝ даваат доза елеганција на секоја комбинација, а ако се направени од лесен материјал, можете да ги носите и во лето.

Миди здолниште
Кога се прашање миди здолништата, важно е да изберете модел со симетричен крој. Здолништето треба да биде како основа на аутфитот.
Еднобојните модели се најдобар избор бидејќи полесно се комбинираат.

Црн фустан
Секоја жена треба да има барем еден црн фустан за важни пригоди.
Но, црниот фустан лесно можете да го искомбинирате и со патики или балетани за полежерен аутфит.

Квалитетни рамни чевли
Без разлика дали се балетанки, оксфордки или друг модел, важно е да имате еден пар квалитетни рамни чевли.
Моделот изберете го според вашиот стил и дајте им предност на еднобојните со неутрална нијанса како црна или кафеава.

Структурирана чанта
Иако периодов доста популарни се торбите, структурираните чанти се класика и вреди да вложите во една.
Моделот нека биде поедноставен, минималистички, за да ви стои и со елегантни и со полежерни комбинации.

Спирова С. | Црнобело