5 најважни правила за летна нега

5-najvazni-pravila-za-letna-nega-1

Дознајте кои козметички ритуали треба да ги усовршите во секојдневната нега за да ги избегнете најчестите проблеми со кожата и косата во текот на летото.

Вратете и ја влагата на кожата

Неопходната влажност на кожата ќе и ја врати маслото или млекото за тело со витамин Е или алое вера. Огрубената кожа на лактите и колената повторно ќе биде мазна ако редовно правите механички пилинг.

Спречете го перутањето

На високи температури кожата на лицето е изложена на разни иритации, па не ретко се јавуваат алергиски реакции, перутање или црвенило. Поради тоа, пред да излезете на сонце користете креми кои што содржат каротен и витамин Е, а ако кожата на лицето ви е премногу сува, пијте повеќе вода.

5-najvazni-pravila-za-letna-nega-2

Затегнете ги нозете

Убави и затегнати нозе се сон на секоја жена, па пред да влезете во бикини, издепилирајте ги нозете и секојдневно мачкајте ги со специјални препарати за затегнување на кожата. Ако уште нанесете и лосион за самопотемнување, вашите нозе ќе изгледаат беспрекорно.

Средете ги стапалата

И на крајот немојте да заборавите на стапалата кои долго време биле во затворени обувки. По секое туширање истријте ги петиците со специјален камен, а потоа на стапалата нанесете подебел слој хидратантна крема и облечете памучни чорапи.

Сочувајте го сјајот на косата

Бојадисаната коса е поподложна на оштетувања кои ги предизвикуваат сончевите зраци, па затоа во текот на летото користете шампони и балсами за бојадисана коса кои ја чуваат бојата.

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg