Како им помага пивото на кожата, косата и ноктите

kako-i-pomaga-pivoto-na-kozata-kosata-i-noktite

Пивото во умерени количини, поради своите природни состојки има и благотворно дејство на здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите. Препорачаната количина изнесува три децилитри дневно.

Пивото е квалитетен извор на магнезиум, калиум, цинк, фоосфор, силициум, сулфур, натриум и бакар, витамин Б1, Б2, Б3 и Б6, витаминот Б12 и поедини аминокиселини и флавоноиди.

Пивото ги пегла борите

Тајната на пивото е во витамините, минералите и биоактивните супстанци, особено полифенолите кои го спречуваат предвременото стареење. Воедно кожата поради микроелементите, како што се поголемите количини цинк, станува поотпорна на создавање мозолчиња и на неповолни надворешни влијанија.

Бидејќи хмељот на пивото му дава антиоксидантно дејство, екстрактите од тоа растение многу се користат во козметичката индустрија за производство на препарати наменети за нега на чувствителна кожа.

И нашите баби ја плакнеле косата со пиво

Одамна веќе е познато дека за нега на косата се користи пивото. Пивото и дава сјај на косата и ја прави поцврста, без разлика дали влегува во состав на индустриски произведени шампони или препарати за коса од домашно производство. Витамински коктел добиен од пивото со додаток на сув квасец помага во зајакнувањето на ноктите.

Тајни ритуали

Една од најпознатите приказни зборува за ритуалите кои ги применувала царицата Теодора. Таа користела наизменично купки од толо и студено пиво. Купките во топло пиво служеле за обновување на кожата, а купките од студено пиво за одржување на младоста. Денес постојат термални бањи во кои „пивската терапија“ е многу барана.

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви...
Капи и модни додатоци за глава што ќе доминираат во есен 2025 Беретките кои се синоним за елеганција, но и големите стегачи кои беа популарни ...
Предлог комбинации поради кои ќе посакате да си купите црвен капут (фото) Изгледа елегантно, но и впечатливо па може да ги „Оживи“ и најмонотоните комбина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg