Како до модерен изглед оваа есен?

Опаѓањето на температурите оваа есен не се бележат со неутрални бои. Напротив, силните бои и нијанси доминираат, додека цветниот дезен го доживува врвот оваа сезона.

kako-do-moderen-izlged-ovaa-esen-4

Земајќи ги во предвид најновите трендови, ова се неколкуте парчиња кои ќе ја одбележат оваа есен и кои се речиси задолжителни за секој женски плакар.

Парчиња облека во есенски тонови. Различни нијанси на жолтата, кафената, портокаловата, па се до вино- црвени и темно виолетови нијанси. Всушност, било која боја да ја одберете во секојдневната комбинација ќе добиете вистински есенски погодок.

Обоени фармерки. Џинсот во различни есенски нијанси изгледа луксузно и префинето. На дневните прошетки или вечерните излегувања можете да им додадете малку боја со тоа што наместо црни фармерки, ќе одберете обоени фармерки во темно црвена или крем боја.

Цветни шари. За прв пат, цветната шара го продолжува својот тренд во постудените денови. Комбинирајте ги летните цветни здолништа или фармерки со неутрални бои и минималистички накит. Со малку вложен труд ќе добиете изглед кој нема да остане незабележан.

Кожа или скај. Оваа есен се е околу кожните модели. Доколку не сте нејзин љубител, заменете ја со скај. Кратки јакни, здолништа со висок струк или палтата направени од овие материјали само ќе го дополнат вашиот есенски изглед.

Сега е вистинското време да ја доживеете есенската магија со усни или нокти во вино- црвените тонови. Истакнете ја вашата есенска убавина и уживајте во студените денови!

kako-do-moderen-izlged-ovaa-esen-1

kako-do-moderen-izlged-ovaa-esen-2

kako-do-moderen-izlged-ovaa-esen-3

kako-do-moderen-izlged-ovaa-esen-5

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg