Домашен лосион за зацврстување на телото

Затегнатото тело е нешто што секоја жена го посакува, посебно кога следуваат топли, летни денови. Кога ќе го подготвите овој одличен домашен лосион тоа конечно може да биде остварено. Секако, секој антицелулитен третман треба да биде редовен, а во оваа борба потребна е и голема упорност.

domasen-losion-za-zacvrstuvanje-na-teloto-01

Покрај овој лосион користете и вежби за одредени делови на телото, како и соодветна исхрана. Она што е одлично кај овој препарат е што е еден од најефтините начини да се изборите со целулитот на кожата.

Состојки:

  • 1 лимон
  • 1 лажица мајоран
  • Половина литар вода
  • Три капки есенцијално масло од лаванда


Сварете ја водата, а потоа додајте лимонов сок и мајоран. Варете околу 15 минути. Филтрирајте ја течноста низ цедилка, ставете ја во сад со капаче и оставете ја да се олади во фрижидер.

Додајте три капки есенцијално масло од лаванда, кое исто како и сите останати масла има одлични конзервансни функции.

Течноста нанесете ја наутро и навечер на местата на кои сакате да го намалите целулитот или стриите.

Мајоранот е оној кој ја обавува функцијата на природен избелувач на кожата и со тоа ја намалува видливоста на сите нерамнини на кожата. Покрај тоа е богат со витамин Ц.

Нахранете ја кожата со здрави состојки без адитиви и уживајте во мазната, беспрекорна кожа за само неколку дена.

Би можело да ве интересира:

Тренд во кој ќе се вљубите: Лаванда е бојата за пролет/лето 2023 Оваа пастелна боја ќе ви даде пријатно чувство на недогледни полиња со лаванда, ...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...
10 класични парчиња облека кои се хит со децении (а и денес) Поради таканаречената брза мода, трендовите се менуваат не само секоја сезона, т...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Тој жената ја претвора во божица: Совршената нова колекција на Зухаир Мурад (фото) 51-годишниот Зухаир Мурад во светот се смета за дизајнер со магични моќи, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg