Носете ниско опавче заробено во мрежа

Ниското опавче изгледа одлично во дневни комбинации, а со само неколку прамени поинаку распоредени е одлична вечерна фризура. Во комбинација со необична плетенка и мрежа создава егзотичен и романтичен изглед кој многу лесно може да го постигнете самите.

nosete-nisko-opavce-zarobeno-vo-mreza-01

Косата најпрво расчешлајте ја, префрлете ја на една страна и врзете ниско опавче. Ластичето сокријте го со прамен коса кој ќе го замотате и прицврстите со шнола.

Потоа издвојте три прамени од надворешна страна на опавчето и плетете плетенка. Додека ја плетете, на секое трето движење додавајте еден мал прамен во самата плетенка. Продолжете да плетете и постапката повторувајте ја додека не стигнете до крајот на косата.

За да го олесните процесот, погледнете го видеото кое неверојатно многу ќе ја поедностави работата.

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Moдните изданија на македонските познати дами на Саемот за венчавки - Антониа Гиговска издоминира со... Саемот за венчавки се одржува од 20 до 22 февруари годинава, а по традиција, пов...
Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2... Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода - најдоброто од сè...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg