Модни трикови кои ги покриваат недостатоците

Постојат многу начини на кои можете да ги сокриете своите недостатоци. Облеката може лесно да ги камуфлира тие неколку вишок килограми или пак да истакнете некој дел од вашето тело кој ви се допаѓа.

modni-trikovi-koi-gi-pokrivaat-nedostatocite-01

Ова се идеите со кои може да го постигнете посакуваниот ефект. 

Струкиран фустан

Струкираниот фустан може да искористи на повеќе начини. Доколку сакате да ги покриете деловите околу стомакот, а сепак да го истакнете својот струк одберете струкиран фустан. Девојките кои имаат облини и сакаат да ги истакнат,  треба да се одлучат за припиен фустан кој ја следи линијата на телото. 

Маици со гол грб

Мал трик со кој се става акцент на сензуалноста на женскиот грб, а се оттргнува вниманието од градите.

Темни фармерки

За да се постигне ефект на долги, витки нозе, темните фармерки или пантолони се идеално решение. Вертикалните линии или шари го дополнуваат овој ефект.

modni-trikovi-koi-gi-pokrivaat-nedostatocite-1

Пеплум маици

Пеплум маиците освен тоа што се вистински хит оваа сезона, одлично ги покриваат недостатоците во стомачниот предел и создаваат илузија за витко пропорционално тело.

Долги капути

Долгите капути го прават телото долго и визуелно послабо. Да се постигне женствен изглед, доволен е само каиш околу струкот.

Колорблокинг фустани

Искористете ги позитивните страни на играта со бои. Во овој случај е важно е да се водите според правилото светлото истакнува, а темното покрива.

Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg