4 фризури кои ќе ве подмладат за 10 години

Исто како и облеката, така и фризурите може визуелно да додадат или намалат неколку години. Ако сакате да го одржите својот младалашки изглед пронајдете фризура која ќе ви го освежи ликот и ќе ги нагласи вашите адути.

4-frizuri-koi-podmladuvaat-do-10-godini-01

Ова се 4те фризури кои може да ви одземат или додадат и до 10 години.

Плетенка

Наместо класичната плетенка или рибината коска испробајте ја лежерната плетенка која се носи на страна. Едноставна е за правење, а на вашата коса ќе и даде двојно поголем волумен.

4-frizuri-koi-podmladuvaat-do-10-godini-1


Шишки

Шишките секогаш се во тренд и се одличен начин да ги сокриете брчките на челото. Сепак, избегнувајте ги ретките или степенасто шишаните, затоа што тие го имаат спротивниот ефект.

4-frizuri-koi-podmladuvaat-do-10-godini-2


Нежни бранови

Правата коса може да изгледа безживотно и безлично, па затоа поиграјте си со нежните бранови и локни кои ќе го вратат виталноста и младиот изглед на вашата коса.

4-frizuri-koi-podmladuvaat-do-10-godini-3


Пуштена коса

Кога се двоумите дали да направите залижана пунџа или пуштена коса, подобро е да ја одберете втората варијанта. Залижаната пунџа додава неколку години, а степенасто шишаната и добро исфенирана коса може само да ве направи услуга. Топлите кафени тонови исто така се одлична препорака за жените кои сакаат да го подмладат својот изглед.

4-frizuri-koi-podmladuvaat-do-10-godini-4

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg