Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кожа со акни - дали да користите пудра за лице?

Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се имаат соочено со акните во одреден момент од нивниот живот.

koza-so-akni-dali-da-koristite-pudra-za-lice-01

Иако многумина ја имале среќата лесно да се справат и да си ја повратат убавината на кожата, милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да ја надминат оваа состојба. Додека го бараат виситинскиот продукт за смирување и потполно излекување на акните врз кожата нанесуваат пудра се со цел да се затскрие оваа состојба.

Дали врз кожа која е зафатена со акни треба да се нанесува пудра? Одговорот не мора да биде секогаш: „Не. Не.“ Пудрата може да биде и бенефит за Вашата кожа само треба само да се направи вистинскиот избор.

Нанесувањето соодветна пудра ја штити кожата од аеро-загадување, ги покрива неправилностите (акни, мозолчиња), и го поттикнува Вашиот убав изглед, воедно предизвикувајќи чувство на удобност и зголемена самодоверба.

Постои само еден услов, секогаш да се исчисти лицето од нанесената пудра пред  спиење. На тој начин ја отстрануваме нечистотијата генерирана во текот на денот и му овозможуваме на лицето да „дише”, стремејќи се кон вашите цели за здрава и чиста кожа.

koza-so-akni-dali-da-koristite-pudra-za-lice-03

Изборот на пудра треба да соодвествува на состојбата на Вашата кожа. Доколку кожата на лицето е зафатена со акни треба да се одлучиме за производ без додаток на минерални масла (петролеум и негови деривати), кои може дополнително да ја иритираат кожата.

Пудрата која ја нанесуваме претставува секојдневна бариера помеѓу Вашата кожа и надворешната средина, поради што треба да биде внимателно избрана.

Текстурата на пудрата треба да биде прилагодена  на состојбата на кожата, не предизвикувајќи дополнителна агресија, истовремено овозможувајќи и на Вашата кожа да дише. Комбинираната и масна кожа бараат oil-free пудра која ќе го регулира масниот сјај и нема да ги запушува порите.

Тоа може да биде и минерална пудра која поради природните состојќи е соодветна за кожа со акни, како и за состојби на розацеа и егзема. Чувствителната кожа е особено реактивна, поради што пудрата треба да биде со хипоалергена формула, хидрантна и да го воедначува тенот.   

д-р Искра Петрова Шешова
Спец. дерматолог

Ординација д-р Анчевски
www.ancevski.com.mk

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Тексас јакни, рибарски шапки и уште 6 модни трендови од 90-тите кои се вратија во мода Кроп-топ за речиси секакви пригоди, слип фустани соодветно искомбинирани, тексас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg