Што ве прави непривлечни

shto-ve-pravi-neprivlecni-povekjeОваа листа ги надополнува основните како грицкање нокти и постојано превртување прамени коса меѓу прстите. Внимавајте на следните пет грешки во..

 

...однесувањето што ќе го намалат вашиот шарм, без разлика колку мислите дека сте привлечни.

shto-ve-pravi-neprivlecni-baloncinja Балончиња
Звукот на мљацкање со мастиката, како и неподносливото пукање балончиња ќе ги изнервира колегите на работа, таксистот, па и партнерот.
shto-ve-pravi-neprivlecni-murtenje

Муртење
Нема ништо поубаво од насмевка, па не е тешко да се сфати дека нема ништо понепривлечно од намуртен лик. Насмевнете се и животот ќе ви се насмевне вам. Расположението е заразно, па за кусо време ќе забележите колку поотворени се момците/девојките со вас.

shto-ve-pravi-neprivlecni-ogledalce Огледалце, огледалце...
Ако пречесто се погледнувате во огледала, излози, ретровизори и било која рефлектирачка површина за да проверите дали сте најубави на светот, верувајте - ќе изгубите дел од убавината. За жените истото важи и со шминкањето во јавност - ако сте во кафуле не ставајте кармин на маса, одете до wc!
shto-ve-pravi-neprivlecni-maani Зборување за своите маани
Исто како што нервира честото загледување во огледало, така нервира и постојаното критикување на своето тело. Ако зборувате дека надлактиците ви се виснати, дека задникот ви е преголем или дека имате криви нозе, само ќе привлечете внимание на неомилените делови од телото. Почнете да вежбате наместо само да се жалите и во секој случај престанете да ја збунувате околината со ваквите испади на непотребна искреност.
shto-ve-pravi-neprivlecni-pcuenje

Пцуење
Едно е кажување мрсен виц пред блиските пријатели, а сосема друго е пцуењето како кочијаш пред колегите од работа или додека чекате ред за на концерт или театар. Избегнете го ова, освен ако не уживате да оставате некултурен впечаток.

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...
Трендови кои се вистинско промашување според обичните луѓе - здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка Здолниште со 2 шлица, „мокра“ шминка, крокс кломпи за на улица... Некои трендови...
Бившата и сегашната девојка на Бредли Купер издоминираа на ревијата на Victoria’s Secret (фото) Џиџи Хадид се појави во два различни аутфита - во розова долна облека со долга н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg