Девојки, време е за обнова на вашата коса

Ладното зимско време со сигурност ја оштетува косата. Тоа е период од годината, кога најтешко може да се одржи сјајноста на косата.
Доколку, вашата коса е безживотна и крута, и сметате дека полека го губи сјајот; тогаш следете ги овие неколку трикови и со сигурност за кратко време, ќе имате прекрасна и здрава коса во текот на пролетната сезона.
- Два до три пати неделно, практикувајте употреба на маслиново или кокосово масло. Намачкајте од средина на косата, па сè до врвовите, фатете ја косата со шнола и чувајте ја така околу 30-тина минути. Потоа исплакнете го маслото, и темелно измијте со шампон. Ова практикувајте го два до три пати неделно.
- Избегнувајте секојдневно миење на косата. Не сите шампони се на природна база, и истите може да ја оштетат и да предизвикаат суви врвови. Практикувајте, миење на секои два дена, а маските и кондиционерите можете да ги употребувате еднаш до два пати неделно.
- Оставете ја косата сама да се исуши. Времето е потопло, па не морате веднаш да ја изложувате косата на жештината од фенот за сушење. Најпрво дозволете му на пешкирот да ја впие водата од косата, а потоа без употреба на четка исушете ја.
- Не ја четкајте косата додека сè уште е мокра - по сушењето можете да нанесете регенератор за полесно расчешлување, и откога косата е сува исчеткајте ја. На тој начин ќе ја заштитите вашата коса.
- Избегнувајте прекумерно користење на препарати од типот гел за коса, лак или пена за коса. Барем некој период додека ја освежите и си ја вратите убавината, тргнете ги овие препарати. Истите содржат многу хемикалии кои секако ја оштетуваат и ја одземаат убавината, свежиноста и сјајноста на вашата коса.
- Дајте си еден месец без фигаро, пегла за коса и останати препарати кои несомнено ја оштетуваат косата и особено предизвикуваат расцутени врвови. Наместо тоа набавете си витлери, виткајте ја во плетенки и ќе добиете прекрасна, брановидна коса.
- Не ја носете пречесто фатена во репче, или доколку тоа го практикувате често, менувајте ја позицијата на репчето. Но, подобро е наместо репче, да земете неколку шноли и на тој начин си ја соберете косата.
- Скратете ги расцветаните, оштетени врвови. Тоа несомнено ќе ви ја освежи косата, а заедно со сите погоре напоменати совети, за многу кратко време ќе забележите разлика.
Оваа пролет, покрај овие совети, можете да направите и промена на вашата фризура. Таа промена, секако ќе ја направи вашата коса да изгледа свежа, здрава и сјајна.
Дозволете и на вашата коса да заблесне во сјајот на пролетната сезона, така ќе блеснете и вие.
Би можело да ве интересира:
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото)
Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето?
Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото)
Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото)
Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ...
На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото)
Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...