Апсолутен хит: Високи потпетици во небесно сина боја

Во последно време девојките се повеќе обожаваат да купуваат високи потпетици во топли нијанси, а зад тие бои не заостанува ниту небесно сината боја.

apsoluten-hit-visoki-potpetici-vo-nebesno-sina-boja-01

Пастелните бои имаат голема популарност кај жените, бидејќи тие се помалку се осмелуваат за драстични црвени, розови или зелени бои на високи потпетици.

Она што владее оваа сезона се токму небесно сините високи потпетици и барем еден пар обувки во ваква боја мора да ги имате во гардероберот.

Но, небесно сината боја е тешка за комбинирање и не се комбинира едноставно како останатите парчиња гардероба во сина боја кои ги поседувате.

Секогаш играјте на сигурно, а тоа значи комбинирајте ги овие потпетици со бела боја. Доколку имате бел фустан пробајте го со небесно сини високи потпетици и веднаш ќе ја воочите разликата. Оваа боја на високи потпетици дава чувство на свежина и нов изглед.

Освен со белата боја, можете да ги комбинирате и со неутрални сини нијанси, а похрабрите можете да се обидат оваа боја да ја комбинират со јаки и впечатливи пастелни бои како што е бојата на праска, бледо жолта, боја на лаванда или ментол зелената боја.

Овие бои се огромен хит ова лето, па заедно со високите потпетици во небесно сина боја ќе постигнете моден погодок. 

Би можело да ве интересира:

6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...

Најчитани неделава