3 едноставни модни трикови со кои ќе ви биде топло, а ќе изгледате дотерано

Зимата очигледно не планира да не напушти во брзо време, па во наредните денови кога температурите ќе се спуштат под нулата, искористете некој од овие трикови.

3-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-doterano-01.jpg

Ова се основните 3 начини на кои конечно ќе се топлите, а ќе го сочувате добриот стил:

1. Додајте крзно

Ништо не грее како крзно. Освен тоа, крзнениот елек, крзнената капа или шал е одличен додаток на секоја комбинација. Само бирајте вештачко, затоа што е подеднакво прекрасно како природното, а е поевтино. Плус, оставете ги животинчињата на мира.

3-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-doterano-02.jpg



2. Носете ќебе

Тенките ќебиња, односно огромни шалови делуваат шик и модерно, а можете да ги искористите и како пончо. Прекрасни се, топли и постојат во најразлични бои и дезени.

3-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-doterano-03.jpg



3. Јакна + палто

Ако само палтото не ви помага, под него облечете сако или јакна. Слоевитото облекување е практично, топло и модерно.

3-ednostavni-trikovi-so-koi-ke-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-doterano-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Шик есенски аутфити ако немате идеја како да се облечете во преодниот период (фото) Кафеави и сиви тонови, слоевито облекување, долги блејзери врз широки панталони ...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате) Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
5 трикови на Италијанките со кои изгледаат стилски, без многу труд Трик број 1: Белата кошула со свртени ракави е база, а одозгора се комбинира во ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава