Bitsiani водич за матуранти

Со доаѓањето на матурските вечери секогаш владее дилемата што да се избере за софистициран, но сепак младешки изглед. Продавниците на Aristoteli Bitsiani се секогаш едни од најпосетуваните дестинации кога станува збор за матурските подготовки на момците, а оваа сезона брендот подготви таканаречен водич за матуранти со предлог комбинации за повеќе различни стилови, но и совети за избор на соодветна облека, обувки и модни додатоци.

bitsiani-vodic-za-maturanti-01.jpg

Тимот на Bitsiani за сезоната на матурски прослави презенира комбинации во кои, пред сè, доминираат свежите бои и разиграните дезени што ги прави поразлични од останатата понуда на пазарот.

Така речиси во секоја комбинација панталоните се во пастелни бои, кошулите се со најразлични дезени, чевлите се исто така во боја, а неизбежни се и модните додатоци како вратоврските-пеперутка кои кај овој бренд се далеку од класични, џебните марамчиња и марамитe со егзотични принтови.

Белата боја е доста застапена за храбар и впечатлив изглед, а пак за оние кои себеси не се гледаат облечени во костум оваа ноќ, секогаш постојат и полежерните комбинации со палто, маица, поелегантни патики итн.

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Вања Трампевски од агенцијата Подиум и шминка и фризура на Маја Саздановска.

Водичот ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, во рамките на списанието Теа Модерна на 22.04.2015 и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Би можело да ве интересира:

5 совети за да изберете модерен, а не застарен мантил за есен 2025, според стилистите Избегнувајте тесни мантили припиени до телото, но и модели над колено. Кои типов...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...

Најчитани неделава