Направете сами: Здолниште за помалку од еден час

Посакувате оваа пролет ново здолниште? Лесно. Нема да ви биде потребно шетање низ скопските трговски центри; голема сума на пари; ниту пак, многу време.

napravete-sami-suknja-za-pomalku-od-eden-cas-1.jpg

Појдете до најблиската продавница за материјали и направете ја сами.

Што ви е потребно:

  • Материјал (по желба) во должина од 1м и широчина од 1,5м
  • Поголемо парче хартија (или постер)
  • Ножици
  • Метро за шиење
  • Креда
  • Конец
  • Игла
  • Патент

За почеток измерете ја вашата половина и добиениот број поделете го со 6,28. Потоа, измерете ја посакуваната должина на сукњата.

Постерот превиткајте го на половина еднаш и потоа на половина уште еднаш, за да добиете една четвртина коцка. На превитканиот раб од коцката во агол одбележете ја добиената мерка од вашата половина поделена со бројот 6,28, а потоа продолжете со одбележување и на посакуваната должина на здолништето.

napravete-sami-suknja-za-pomalku-od-eden-cas-2.jpg

Откако ќе го исечете постерот, по одбележаните линии, треба да добиете единствено парче кое ќе наликува на крофна.

По принципот на кој го превиткавте постерот, превиткајте го и материјалот. На оваа должина поставете го постерот како мерка по која ќе го исечете материјалот. Откако ќе завршите со сечење на материјалот, повторно треба да добиете крофна.

napravete-sami-suknja-za-pomalku-od-eden-cas-3.jpg

На горниот дел од материјалот исечете дел каде рачно (или на машина за шиење, доколку ја поседувате) ќе го сошиете патентот.

По избор, доколку сакате сукњата да завршува со засебно парче материјал кој ќе ја покрива исечената површина, по мерката на вашата половина исечете правоаголно парче од остатокот од материјалот, превиткајте го на половина и истото сошијте го на горниот дел.

Здолништето е готово!

Би можело да ве интересира:

Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
„Кружен луксуз од остатоци до наследство“: Нова колекција од модниот бренд EZ на Евгенија Зафировска Дизајнерката Евгенија Зафировска го редефинира луксузот преку кружна трансформац...

Најчитани неделава