5 Модни грешки кои ве прават да изгледате постаро

Сигурно вие како и сите останати жени во светот внимавате на својата линија, ја одржувате кожата затегната и сакате да изгледате помладо од тоа што навистина сте.

5-modni-greski-koi-ve-pravat-da-izgledate-postaro-1

Но, покрај сето тоа што го вложувате во младоликиот изглед сигурно не обрнувате големо внимание на вашата гардероба и не знаете кои парчиња облека или кој накит ве прават постари.

Ова се тие 5 модни грешки кои можеби ги правите и потребно е веднаш да ги поправите доколку сакате да делувате помладо, а не постаро до тоа што сте.

1. Во црно од глава до пети

Овој изглед во црно од глава до пети секако дека ќе ви даде изглед на постара жена која жали за својата младост.

Наместо темни бои избирајте светли и весели тонови кои ќе ја изразат вашата младоликост и ведар дух.


2. Избирате погрешен градник

Доколку облечете бела маица со црн или зелен градник секако дека нема да делувате модерно и младо, туку заостанато и постаро.

Изборот на соодветна боја на градник секогаш е важен за стајлингот секако доколку се забележува под маицата или фустанот, па затоа најдобар избор е да облечете градник со иста боја како нив.


3. Носите ролки

Ролките се добар избор за студените денови во домашна атмосфера, но доколку постојано облекувате ролки за секоја прилика сигурно веќе имате оставено впечаток на постара жена.

Ролката заменете ја со обичен џемпер, така барем ќе делувате полежерно и помладо.


4. Носите широка облека

Никогаш не си дозволувајте да се изгубите во широка облека, односно да носите широки фармерки, блузи или палта, поготово не здолништа кои не ја оцртуваат воопшто вашата фигура.

Луѓето може да добијат впечаток дека воопшто ја немате.


5. Накитот и модните додатоци во иста боја

Наместо да ги комбинирате накитот и марамата во иста боја, експериментирајте со боите и комбинирајте сосема спротивни контрастни бои.

Така ќе дадете впечаток на млада, забавна личност која ја следи модата постојано.

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....

Најчитани неделава