5 знаци кои јасно ви кажуваат дека носите погрешни чевли

Чевлите кои добро изгледаат, но едноставно не му одговараат на вашето стапало, може да се сериозна закана по здравјето и стабилното движење, а сепак многу луѓе не обрнуваат внимание.

5-znaci-koi-jasno-vi-pokazuvaat-deka-nosite-pogresni-cevli-1.jpg

Ретко кој знае дали носи вистински или погрешни чевли, а за тоа доказ е истражувањето кое докажа дека 90% од жените носат претесни чевли.

Како да препознаете дека на нозете не носите соодветен пар чевли?

1. Го носите истиот број од средно

Во текот на години стапалата се спуштаат и се шират. Затоа како што старееме потребно е постепено да го зголемуваме бројот кој го носиме.


2. Прстите ви го допираат врвот од чевлите

Потребно е да имате барем неколку милиметри простор меѓу прстите и врвот на чевлите. Мора слободно да можете ги мрдате прстите.


3. Имате плускавци и подраснати нокти

Овие повреди значат дека чевлите ви го иритираат стапалото на местата каде што се појавуваат. Притисокот кој чевлите го прават може да ја стврдне кожата, па најчесто тоа резултира со плускавци или мртво месо. Уште при првите симптоми треба да побарате нов пар штикли или патики, затоа што овие воспаленија лесно се прошируваат и стануваат хронични.

5-znaci-koi-jasno-vi-pokazuvaat-deka-nosite-pogresni-cevli-2.jpg

4. На крајот од денот имате неподнослива болка во нозете

Ако чевлите ви се големи и не им овозможуваат потпора на стапалата или пак ви се претесни и нозете ви се стиснати во нив, како мислите да не чувствувате болка. Големите чевли се подеднакво штетни, затоа што нозете го скратуваат секој чекор и го грчат секој мускул со напор чевлата да остане на ногата и да не се лизне. Посебно внимавајте на ова.


5. Износени патики

Треба да знаете дека патиките имаат рок на траење. Ако одите по 15-тина километри неделно, тогаш патиките мора да ги менувате на 9 до 12 месеци. Ако одите повеќе од 15 километри неделно, тогаш тие се износени по само 4 до 6 месеци. Прв знак по кој ќе го забележите тоа е навалувањето на стапалото на една страна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките? Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
10 модни трендови кои се хит кај Европјанките за лето 2025 Свилената марама што ја врзувавте на чанта во 2010? Сега ставете ја на глава. Ст...
Пет бои кои лесно се комбинираат (и се носат во секоја сезона) Впечатлива, но не и нападна, маслинестата зелена е идеална за секоја сезона, а д...

Најчитани неделава