3 наметки кои секоја жена треба да ги има оваа пролет

Покрај сите кошули, маички и лесни блузи, за оваа пролет да бидете модерни, но и да не ве изненадат пониските температури, ви требаат само 3 наметки.

3-nametki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ovaa-prolet-001.jpg

Ако било која од листата ви недостасува во гардероберот, време е да тргнете во потрага по продавниците.

1. Тексас јакна

Веројатно најдобрата работа околу оваа наметка е што одговара со патики, сандали и високи потпетици, лесни фустанчиња или кошули и фармерки... Можете да ја носите и во елегантни и во поопуштени изданија.


2. Бело сако

Белото сако лесно се комбинира посебно во пролет, кога сакате да носите експлозија од бои на себе. Оваа наметка ќе ви даде смирена нота на секој изглед.


3. Кимоно наметка

Кимоно наметката е одлична лесна алтернатива на кардиганите која има моќ едноставната бела маичка да ја направи елегантна. Доброто е што за да си направите кимоно наметка ви треба само една марама со дезен по желба.

30 идеи како да ги носите кога ќе затопли:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Бремена манекенка во 9-ти месец, Ешли Греам гордо ги покажа облините во секси облека – Најдобрите мо... Провокативна долна облека, тантела, циркони, свила и пердуви, дополнето со ангел...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
9 модни трендови кои ќе доминираат кај младите до крајот на 2025 Капри панталони, модерни спортски комбинации, тексас на тексас, животински принт...
За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
Модни комбинации со кои ќе постигнете тивок луксуз оваа есен – едноставен и скап изглед (фото) Ако сакате да изгледате скапо, а сепак едноставно и да зрачите луксуз во боите н...

Најчитани неделава