5 правила за совршен стил

5-pravila-za-sovrsen-stil-povekjeСекојдневно гледајќи ги фотографиите од познатите трендсетерки се воодушевуваме на нивниот стил. Често пати се обидуваме да комбинираме слични...

 

...парчиња, меѓутоа никогаш не изгледаат така добро и на нас.

Длабокиот паричник не е гаранција за добар стил. Тоа се малите работи кои треба да ги знаете за да изгледате феноменално.

Ова се 5 правила за совршен стил:

1. Пронајдете свој индивидуален стил

5-pravila-za-sovrsen-stil

Клуч за успехот за добриот стил е да пронајдете нешто кое ќе ве издвојува од масата.

Инспирација можете да најдете во некои од славните личности од минатото, но важно е да останете верни на тој стил.

Запрашајте се дали сакате да бидете секогаш во тренд или сакате да се одвојувате со поразличен стил?

Можете да бидете храбри како Сара Џесика Паркер која често експериментира или елегантни и да играте на сигурно како Рис Витерспун.

2. Расчистете го плакарот

Откако ќе се одлучите каков стил ви прилега, време да ги исфрлите сите непотребни парчиња од плакарот. Се што е досадно и старомодно отстранете го.

Модните икони знаат што им прилега, што се комбинира добро и во што изгледаат сензационално.

3. Погрижете се облеката добро да ви прилега

Ако сакате да ги истакнете своите атрибути и да ги сокриете недостатоците, важно е облеката да ви стои како кроена за вас. Внимавајте на големината, немојте да купувате преголеми ниту претесни парчиња.

Внимавајте на пропорциите на своето тело, должината на нозете, торзото, ширината на рамениците и колковите и при купување водете сметка што сакате да истакнете, а што да ставите во втор план.

4. Бирајте бои

Која боја ви прилега зависи од вашиот тен, бојата на коса и очи. Жените со светол тен често изгледаат добро во силни бои како виолетова, сина и смарагдно зелена.

Жените со потемен тен убаво изгледаат во пудрести тонови, портокалова, тиркизна и топло зелени тонови.

5. Одберете вистинска фризура

Вашата коса е ваш најдобар моден додаток. Потрудете се фризурата за која ќе се одлучите да биде лесна за одржување за без проблем да можете да ја стилизирате.

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури Удобните чизми до колена, но и ролката се омилени парчиња на Французинките за во...
„Кружен луксуз од остатоци до наследство“: Нова колекција од модниот бренд EZ на Евгенија Зафировска Дизајнерката Евгенија Зафировска го редефинира луксузот преку кружна трансформац...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg