Комбинезоните се враќаат и оваа пролет

На модната сцена се враќа едно од најпопуларните парчиња облека, но со нешто поинаков изглед. Оваа пролет, полн погодок се комбинезоните со необични дезени и кроеви.

kombinezonite-se-vrakjaat-i-ovaa-prolet-1.jpg

Доколку (про)летните фустани не се наоѓаат на вашата листа за омилени модни комбинации, а не сакате сончевите денови да ги поминете во маица и фармерки, тогаш убавиот комбинезон е совршениот компромис.

Удобни и женствени, комбинезоните се одличен избор за секакви прилики: од попладневна кафе-средба со пријателките, деловни состаноци, па сè до ноќни излегувања и прослави.

Сè зависи од моделот и начинот на кој ќе го стилизирате. Пред да помислите дека е преедноставен за ваш вкус, знајте дека со внимателно избрани детали, за миг можете да го трансформирате во парче со кое нема да останете незабележани на градските улици.

Од галеријата во продолжение, погледнете што сè има во актуелната понуда на познатите модни брендови. Подготвени ли сте да го збогатите вашиот гардеробер со уште еден нов „миленик“?  

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате) Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите. Нагл...

Најчитани неделава