Животната приказна на модерната пепелашка - Елена Перминова

Елена Перминова, сопругата на рускиот тајкун Александар Лебедев кој е 27 години повозрасен од неа, се повеќе ја гледаме во првите редови на секоја модна ревија. Нејзиниот Инстаграм профил има над милион следбеници и таа секојдневно постира слики и клипови од нејзиниот екставагантен животен стил.

zivotnata-prikazna-na-modernata-pepelaska-elena-perminova-001.jpg

Но, пред нејзиниот сопруг буквално да ја спаси од ужасна судбина и таа да стигне да живее живот од бајките, била заглавена во прилично лоша ситуација.

Елена Перминова е родена во просечно руско семејство. Нејзиниот татко заработувал преку препродавање на производи кои ги купувал од Кина. Таа самата си ја преработувала облеката во нејзиното детство.

Секогаш сакала да биде различна од другите и да не се спојува со масата. Затоа и најобичната облека ја украсувала и ја правела поразлична.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-10

На 16 години, многу кратко по нејзиниот прв манекенски успех, таа заглавила во лоша врска со нарко дилер кој ја внел во светот на дрогата. Почнала да продава екстази по ноќните клубови и многу брзо била уапсена и осудена на 8 години во затвор.

Татко и некако успеал да стигне до Александар Лебедев, кој бил поранешен шпион и веќе многу успешен бизнисмен, кој и помогнал и ја извадил од затвор. Таа оттогаш го гледа како ангел кој ја спасил. Многу брзо потоа парот се заљубува и до денес живеат среќен живот со 3 деца, многу патувања, настани и висока мода.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-9

Во текот на нивното прво патување како пар во Њујорк, сопругот и рекол да отиде да си купи нешто да си облече поради тоа што ги следеле папараци.

Таа отишла во некоја ексклузивна продавница за дизајнерска облека, но од големиот избор се збунила и си купила само еден пар фармерки.

Фармерките ги искомбинирала со многу голем дукс од нејзиниот сопруг и негов накит. Кога се појавила така облечена во јавноста, сите очи биле вперени во неа. И се допаднало тоа што била поразлична.

Таа вели дека секој кој би бил во нејзината ситуација попрво би си купил Долче и Габана фустан, но таа секогаш сакала да биде уникатна.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-1

Кога имала само 9 години, косата ја исфарбала сина. Подоцна кога сите девојчиња се маскирале во принцези, таа се маскирала во пиле.

“Многу е важно преку облеката да покажеш дека имаш карактер и да не се стопуваш со масата”, вели Перминова.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-2

Таа вели дека работите во Русија се променети. Дека во минатото најважно било да носиш скапи дизајнерски парчиња. Се се состоело во тоа преку облеката да покажеш колку си богат. Меѓутоа денес најважно е да си уникатен. Таа самата знае да искомбинира наједноставни H&M фармерки со дизајнерски топ.

“Секој мора да си изгради својот стил. Мора да знаете што најдобро ќе ви стои на вашиот тип на тело” е советот на руската убавица. Според неа нема некои посебни правила во модата, едноставно секој мора да си пронајде што му одговара на неговиот карактер.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-4

Таа секогаш преферира да комбинира дизајнерски парчиња со облека од обичните брендови како Зара и Левис. Таа вели дека воопшто не изгледа добро кога сте во Шанел од глава до пети или кога изгледате исто како куклите во некој дизајнерски излог. Многу е подобро кога на комбинациите додавате ваш уникатен печат.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-3

Таа ги обожава модните недели. Вели дека е многу интересно и забавно кога постои цела една недела во која луѓето се претставуваат преку облеката. Нејзиниот совет за како да изгледате добро на сликите од вакви настани е да застанете под добро светло или нозете секогаш да ви се свртени накај камерата за да изгледаат подолго.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-6

Нејзината секојдневна облека е прилично скромна. Многу се разлика од нејзиниот изглед на модните настани. Таа вели дека преферира да прави колекции од книги наместо облека.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-7

Секојдневието на Перминова е многу различно отколку кај обичните луѓе. Таа наутро може да стане и да патува до Париз само да ги однесе децата да се сликаат со Мики Маус, а потоа со сопругот избираат дали вечерта ќе спијат во нивната куќа во Лондон каде што тој е сопственик на неколку списанија или ќе се вратат во дворецот со 16 спални соби во Москва.

Сопругот ужива и е горд на успехот на неговата сопруга, поради тоа што таа прерасна во вистинска трендсетерка.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-13

Помеѓу најблиските пријатели и се познатата модна блогерка Мирослава Дума и дизајнерот Џамбатиста Вали, кој почнал да соработува со манекенката уште кога таа не и била воопшто позната на јавноста. 

Таа продава дизајнерски парчиња од нејзиниот гардеробер на аукции еднаш или два пати месечно преку нејзината фондација СОС. Парите што ги заработува одат директно за помош на болни деца во Русија, Белорусија и Украина. Фондацијата досега има донирано околу еден ипол милион фунти, а нејзината облека ја купуваат познати личности како Миранда Кер и Џаред Лето. Преку помошта досега спасила живот на 58 деца.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-14

Таа исто така изгледа доста фит и прекрасно за мајка на три деца. Секојдневно вежба пилатес и вежба со тешки тегови неколку пати во неделата. Неодамна почнала да вежба со танцување на шипка и вели дека телото многу и се зацврстило и имала многу енергија откако почнала да се занимава со овој спорт.

stilski-soveti-od-modernata-pepelaska-elena-perminova-8

Омилени и се филмовите на Бриџит Бардо и книгите на Михаил Булгаков. Нејзиното хоби е градинарство и сака да патува на необични места како Монголиа, Папуа и Галапагос.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg