Хит стегачите за коса од 90-тите, повторно ќе бидат во мода

Станува збор за нашите омилени модни додатоци, кои апсолутно ги обожувавме пред две децении, а оваа сезона се враќаат во ново руво на модната сцена.

hit-stegachite-za-kosa-od-90tite-povtorno-kje-bidat-vo-moda-1.jpg

Изминатите неколку години, се случува вистинска експлозија во популарноста на модата и културата на 90-тите, па не изненадува што и нашите омилени аксесоари од детството – стегачите за коса - повторно се во мода.

hit-stegachite-za-kosa-od-90tite-povtorno-kje-bidat-vo-moda-2.jpg

Симпатичните детали за стилизирање на косата се најдоа во сезонската понуда на познатите брендови, како Forever 21, ASOS, Urban Outfitters и Topshop, а со нетрпение очекуваме одново да ги носиме и гледаме низ градските улици.

hit-stegachite-za-kosa-od-90tite-povtorno-kje-bidat-vo-moda-3.jpg

Сепак, колку и да ни будат носталгија некогашните ретро стегачи, покрај тоа што се со подобрен квалитет, новите верзии се и со модерни принтови и завршетоци, прилагодени на актуелните трендови.

hit-stegachite-za-kosa-od-90tite-povtorno-kje-bidat-vo-moda-4.jpg

Некои се во металик нијанси и со холографски дезен, дел од нив се инспирирани од сирените, а другите се меки и кадифени, или, пак со цветни принтови.

hit-stegachite-za-kosa-od-90tite-povtorno-kje-bidat-vo-moda-5.jpg

Oд галеријата во продолжение, погледнете какви стегачи за коса ќе бидат „ин“ претстојните сончеви денови:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава