Сега постојат панталони со споени чизми?! (фото)

Мислевте дека веќе ништо не може да ве изненади кога се модните изуми во прашање? Погрешивте!

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-1.jpg

Во последно време, нешто навистина чудно се случува со модата. Познатата торба за пазарење од IKEA се претвори во чанта, тексас фармерките станаа проѕирни, а трендсетерките се опседнаа со чизмите од пластика.

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-2.jpg

И, кога помисливме дека им дојде крај на модните изненадувања, брендот Balenciaga ни приреди уште едно – сосема ново и неочекувано. Што има да понуди? Панталони, кои воедно се и чизми.

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-3.jpg

Во својата пролетна колекција, Balenciaga ги oбедини екстраванганцијата и фетишизмот, а за ваквиот моден хибрид од сатен, модната куќа предлага да се носи слоевито, под фустан или туника.

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-4.jpg

Не ни е сосема јасен спојот на чевли и панталони, но доколку сте заинтересирани да ги купите, нивната цена изнесува 2.250 евра.

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-5.jpg

Би ги носеле ли? Споделете го вашето мислење во коментари!

chizmi-ili-pantaloni-shto-e-ova-foto-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...

Најчитани неделава