Летна колекција Springfield

letna-kolekcija-springfield-001.jpg

Летото според Springfield е претставено преку лежерноста и разнобојните варијанти на модерните парчиња кои одлично ќе се вклопат со плановите кои ги кроите за оваа сезона.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-8.png

Летната колекција изобилува со геометриски принтови кои даваат изглед инспириран од етно мотивите. Модните парчиња со африкански дух како комбинезоните, кратките фустани и флоралните везови на здолништата се задолжителни во секојдневното комбинирање.

Парчињата во „момчешки“ крој како тексас јакните и кошулите без ракави совршено ќе ја комплетраат летната гардероба.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-2.png

Тропско чувство во розово-портокалови нијанси – принт кој е популарен во летната колекција на лесни материјали и многу женствени кроеви. Наборите се појавуваат на едноделните парчиња како комбинезони и кратки фустани, а шорцовите се одликуваат со заврзувања околу половината. Опуштен стил за топлите денови под сонцето!

letna-kolekcija-springfield-naslovi-6.png

Со доаѓањето на летото и менување на облеката во гардеробата, колекцијата инспирирана од Куба ни ги носи „најкул“ и највпечатливите парчиња. Блузи без ракави и со врзвување на половината, шорц во повеќе бои и кроеви, како и модни додатоци со украсни парчиња и амблеми ќе ја разиграат секојдневната комбинација. Летните мотиви и деталите од монистра ќе внесат поуникатен изглед во комбинација со сандали и металик чанти.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-3.png

Основата на секое парче од Springfield е ‘daily smart’ линијата - вклучува облека за секој ден која истовремено е професионална и шик. Ова лето тренд се асиметричните вертикални линии на едноделните парчиња како комбинезони со средна должина со пресек на половината и фустаните со детали на врзување со прилагодување. Блузите со голи раменици и ленените панталони се одлична опција за комбинирање со сандали и чанти со две лица.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-7.png

Клучен елемент на маиците е спортскиот изглед кој е достапен во повеќе бои и шари. Разиграна колекција за момците на Springfield кои ова лето задолжително треба да поседуваат поло-маици и бермуди кои се одликуваат со пругаст принт и колор-блок комбинација на бои.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-5.png

Пастелните тонови се повторно актуелни оваа сезона, но во посуптилно издание претставено преку тропски принтови. Маиците со кратки ракави и летни мотиви како палми, одлично се комбинираат со џинс парчињата. Сините и розови тонови ќе бидат вистински избор за оваа тренди линија. Друг клучен елемент кој се вклучува е ефектот на избледеност од сонце.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-1.png

Еден од најактуелните трендови за сезоната се индиго нијансите. Модерни тонови кои се комбинираат со монохроматски изглед за деновите под сонцето. Овие тонови се појавуваат на бермудите, маиците со целосен принт и кошулите со кратки ракави и  со тропски дезени. Оваа морнарска боја комбинирајте ја со обувки во контрастни земјени тонови.

letna-kolekcija-springfield-naslovi-3_copy.png

Линијата ‘daily smart’ е задолжителна во гардеробата на секој Springfield маж. Овие парчиња имаат поформален изглед, но го задржуваат опуштениот стил кој го дефинира брендот. Колекцијата вклучува ленени кошули и панталони, како и слим-фит чино панталони во различни бои. Променете го стилот со кратка верзија на овие изгледи и искомбинирајте ги со бермуди во природни и земјени бои кои ќе ги носите во топлите летни денови.

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...

Најчитани неделава