Топ 8: Најубави костими за капење за трудници

Во какви костими за капење ќе изгледаат најдобро идните мајки на плажа?

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-1.jpg

Дефиницијата на рајот за една трудница е: бел песок, тиркизно сина вода, безалкохолен коктел и згоден исончан маж кој ѝ ги масира стапалата и зглобовите, додека таа се одмара на лежалката.

Меѓутоа, постои една работа што може да ја расипе вашата идеална слика – лошо одбраниот костим за капење!

Идни мајки, не грижете се, затоа што постојат модели во кои ќе изгледате подеднакво убаво и привлечно, како и кога ќе го облечете вашиот омилен фустан или комбинацијата на облека  за излегување.

Во продолжение, ви откриваме кои се осумте костими за капење на кои треба да обрнете најмногу внимание претстојното лето:

1. Мрежести танкини

Не сакате премногу да го истакнувате заоблениот стомак? Транспарентниот слој на деликатна мрежа ќе ви даде задоволителна прекриеност, а и понатаму ќе биде видлива вашата гордост.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-2.jpg

2. Како чуварка на плажа

Едноделниот костим за капење, во црвена боја и со малку подлабоко деколте, со сигурност ќе ви прилега совршено, затоа што претставува идеална граница помеѓу сексапилот и класиката.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-3.jpg

3. Едноделен костим со врвки

Костимите за капење со детали во облик на врвци за заврзување, но вкрстени бретели на грбот, ќе ви овозможат елегантен, модерен и дамски изглед, дури и на плажа. Црната е идеална боја, затоа што добро и стои на речиси секоја дама, а ќе се сложува со што и да облечете во комбинација со костимот.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-4.jpg

4. Ретро бикини

Ретро бикините со подлабок долен дел веќе неколку летни сезони се на врвот на трендовите, бидејќи го истакнуваат струкот, а чуваат вашиот стомак, налик на длабоките фармерки.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-5.jpg

5. Танкини со пруги

Малите хоризонтални и дијагонални пруги ќе ја сокријат било која неправилност, додека жарките летни бои ќе додадат забавна нота на вашиот изглед.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-6.jpg

6. Едноделен костим со карнери

Карнерите се тренди детаљ веќе подолг временски период, а сега истите се „префрлија“ и на костимите за капење. Ваквите костими изгледаат забавно и им прилегаат на сите трудници – без разлика дали се во петтиот или осмиот месец од бременоста.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-7.jpg

7. Флорални танкини

Цветниот принт дефинитивно е еден најактуелните дезени во текот на сончевата сезона, а во тандем со удобните и практични танкини е полн погодок за умерен и стилски изглед на плажа.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-8.jpg

8. Едноделен костим со графички елемент

Занимливите натписи, без оглед на тоа дали се поврзани со бременоста (како на сликата), или, пак, не, секогаш и секому ќе изнудат насмевка на лицето. Притоа, мошне се модерни, популарни и барани ова лето.

top-8-najubavi-kostimi-za-kapenje-za-trudnici-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...

Најчитани неделава